Бразилската убавица Изабели Фонтана е уште една од светски познатите манекенки кои годинава направија фантастични свадби кои ќе се паметат долги години.

Таа се омажи со нејзиното момче, пејачот Диего Фереро на романтична плажа на Малдивите облечена во транспарентна венчаница од бразилскиот бренд Água de Coco.

Многумина ќе кажат дека изборот на венчаница на манекенката бил помалку чуден, но секако таа изгледаше како вистинска божица во неа.

Иако целата церемонија се одржа во тајност и медиумите немаа никакви информации, младите споделија фотографии по социјалните мрежи на кои изгледаат многу среќни.

Нејзиното момче Диего се одлучи за целосно бела комбинација составена од тренди ленени парчиња кои изгледаа одлично за пригодата.

На фотографиите се прикажани и неодоливите покани за свадба кои тие ги одбрале, прекрасната торта со нивните фигури во горниот дел и секако, дел од атмосферата на плажата која не може да биде поубава.

Објавено:
11 август 2016
Категорија: 
Бела соба
Прочитано:
2.274 пати