Враќање на супермоделите

16 мај 2013

Кејт Мос, Керолин Марфи, Саша Пивоварова, Ракел Цимерман и Малгосија Бела се само неколкуте од модните ветеранки кои се појавија на ревиите за колекциите за есен-зима 2013/14 неодамна прикажани на главните модни недели.

 

Керолин Марфи 

Керолин Марфи ја затвора ревијата на колекцијата на Келвин Клајн наменета за сеозната есен-зима 2013/14 Керолин Марфи ја затвора ревијата на колекцијата на Келвин Клајн наменета за сезоната есен-зима 2013/14

Заедно со Кејт Мос и Кристи Тарлингтон припаѓа на малиот круг на музи кои ги одбележаат кампањите на Келвин Клајн во 90-тите години. На 14 февруари годинава ја изненади публиката кога се појави на ревијата на Франциско Коста, кој сега креира за брендот Келвин Клајн. Камбекот на американската топ-моделка се поклопи со 20-годишнината од нејзиното прво учество на ревија на Келвин Клајн кои традиционално се одржуваат во склоп на Њујоршката модна недела.

 

Саша Пивоварова 

На ревијата на Проенза Склулер, есен-зима 2013/14 На ревијата на Проенза Склулер, есен-зима 2013/14

Ова беше тајната што Џек Мекола и Лазаро Хернадез од Проенза Скулер од брендот Проенза Скулер многу тешко ја додржаа. Отсутна од модните писти скоро две години, Русинката го воодушеви модниот свет прво со рекламата на Прада за пролет-есен 2013 што ја сними само неколку месеци по раѓањето на нејзината ќерка Миа Изис, а потоа и со појавувањето на модната недела во Њујорк во март годинава. Саша ја отвори ревијата на Проенза Скулер, а доволно ексклузивно беше и присуството на малата Миа во бекстејџот на ревијата.

 

Ракел Цимерман

Бразилската манекенка Ракел Цимерман на ревијата на Ботега Венета за есен-зима 2013/14 Бразилската манекенка Ракел Цимерман на ревијата на Ботега Венета за есен-зима 2013/14

Во последниве десетина месеци Бразилка како да наговести дека ќе се врати на модната сцена. Покрај тоа што беше назначена како заштитно лице на првиот парфем на модната куќа Марни, како и ангажманите за пролетните рекламни кампањи на Александар Меквин, Прада и Салваторе Ферагамо, Цимерман се врати и на модната писта така што ја отвори и затвори последната ревија на Ботега Венета одржана во Милано.

 

Кетрин Мекнил

Кетрин Мекнил на ревијата за последната колекција на Прада Кетрин Мекнил на ревијата за последната колекција на Прада

По двегодишнат пауза од модните писти оваа австралиска моделка се појави скоро на сите ревии на последните модни недели во Париз, Њујорк и Милано и ги отвори ревиите на Нина Ричи, Ели Саб и на Џорџо Армани.

 

Маријакарла Босконо 

Маријакарла ја отвори ревијата на Ермез, колекција есен-зима 2013/14 Маријакарла ја отвори ревијата на Ермез, колекција есен-зима 2013/14

Во јануари ја видовме како позира со своето бебе во кампањата на Живанши за пролет-лето 2013, неколку недели подоцна се појави во Милано на ревијата на Прада, а потоа и во Париз на ревиите на Ермез, Хакан, Луј Витон и Живанши.

 

Кејт Мос 

Кејт ексклузивно се појави на ревијата на Луј Витон во Париз Кејт ексклузивно се појави на ревијата на Луј Витон во Париз

Поминаа скоро две години од нејзиното последно учесто на ревија на Луј Витон, за да супермоделката повторно се појави на претставувањето на последната колекција на Марк Џејкобс за познатиот париски луксузен бренд. За неколку часа светот го обиколија фотографиите на кои Кејт Мос шета по хотелски ходникот и влегува на сцената што послужи како писта за ревијата...

 

Малгосија Бела 

Малгосија на ревијата на Баленсијага Малгосија на ревијата на Баленсијага

Манекенката му беше поддршка на Александар Ванг на два континента – прво во Њујорк на ревијата за колекцијата што дизајнерот ја креира под свое име, а потоа и во Париз, на претставувањето на неговата прва колекција за луксузната куќа Баленсијага. Исто така ја сработи и ревијата на H&M што се одржа во парискиот музеј Роден.

 

Кармен Кас 

Кармен Кас кај Унгаро Кармен Кас кај Унгаро

 

Убавата Естонка последен пат ја видовме на ревијата на Изабел Марант (пред една година), а неодамна се појави на ревијата со првата колекција на Фаусто Пуглиси за Емануел Унгаро.

 

Наталија Водјанова 

Водјанова ја затвора ревијата на Живанши, колекција есен-зима 2013/14 Водјанова ја затвора ревијата на Живанши, колекција есен-зима 2013/14

Иако никогаш вистински не го напушти модниот свет, редовно позира за рекламите на Стела Макартни и повремено настапува на модните недели, супермоделката успеа да се договори за нов ангажман. Откако на Твитер објави дека ќе настапи на полумаратон во Париз (а подоцна објави фотографија како го завршува), Наталија патиките ги замени со високи потпетици и настапи на ревијата на Живанши.

 

Изабели Фонтана 

Изабели Фонтана за Ентони Вакарело Изабели Фонтана за Ентони Вакарело

 

Вообичаено ревиите на Ентони Вакарело ги затвора манекенката Ања Рубик, ама на последната ревија на дизајнерот со колекцијата за есен-зима 2013/14 таа чест ѝ припадна на Бразилката Фонтата. Таа исто така ги носеше моделите и на Живанши, Луј Витон и на H&M.

 

Едита Вилкевичујте 

Вилкевичујте на ревијата на Zadig&Voltaire Вилкевичујте на ревијата на Zadig&Voltaire

 

На 27 февруари Едита беше дел од ревијата на шведскиот бренд H&M заедно со другите супермоделки Изабели, Малгосија и Аризона Мјуз. Неколку дена подоцна се појави и на модните претставувања на Хакан, Zadig&Voltaire и на Луј Витон.

 

Ерин Васон 

Ерин Васон на ревијата за есен-зима 2013/14 на Живанши Ерин Васон на ревијата за есен-зима 2013/14 на Живанши

Американката им се придружи на Маријакарла и на Наталија во преставувањето на последната колекција на Рикардо Тиски за Живанши.

 

Кристен Мекменами 

Кристен Мекменами ја затвори ревијата на Џајлс Кристен Мекменами ја затвори ревијата на Џајлс

 

Оваа сезона на врвот на манекенската пирамида се најде нејзината ќерка Лили која прошета на пистата кај Луј Витон, Сен Лоран и Марк Џејкобс, ама тоа не ја спречи Кристен и самата да се појави на ревијата на Џајлс Дикон во Лондон.

 

Изабел Гуларт 

Гуларт на ревијата на Унгаро, колекција есен-зима 2013/14 Гуларт на ревијата на Унгаро, колекција есен-зима 2013/14

 

На почетокот на модната недела во Париз оваа Бразилка на Твитер објави дека се наоѓа во градот и во следните денови настапи на ревиите на Лоеве и Емануел Унгаро. Сите детали потоа ги објави на Твитер...

 

 

 

 

Објавено:
16 мај 2013
Категорија: 
Стории