Листа на најдобрите модни рекламни кампањи во последнава деценија

3 септември 2013

 

Темпото со кое се движи модата е речиси незапирливо, всушност работи како парна машина и секогаш нуди нешто ново и поинакво, затоа правењето ретроспективи во модниот свет е особено пријатна работа. Решивме на најдобар можен начин да му оддадеме почит на модното минато, со селекција на дел од рекламните кампањи на некои од најпознатите модни куќи во последнава деценија. Еве кои се најдоа на листата најдобри дваесет во визуелизацијата на модната индустрија:

 

Ив Сен Лорен есен-зима 2003 година

 

Ив Сен Лоран, есен-зима 2003 година

Пред да го избрише „Ив“ од своето име овој моден бренд во својата кампања за сезоната есен-зима 2003 година му оддаде почит на гламурозниот стил во духот на 70-тите години, кампања во која учествуваа моделите Адина Фолин и Џулија Стегнер, а позираа пред фотообјективот на Крег Мекдин.

 

Армани, есен-зима 2008 година

 

Армани, есен-зима 2008 година

Генијалните Мерт и Маркус ги сликаа моделите Џесика Стам и Ду Хуан со перики на главата и ја изработија спектакуларната кампања на шармантниот Армани за сезоната есен-зима 2008 година.

 

Балесијага, пролет-лето 2006 година

 

Балесијага, пролет-лето 2006 година

Дејвид Симс на кастингот за снимање ги одбра Лили Доналдсон, Хана Сукопова, Ракел Цимерман, Гема Вард, Каролина Трентини, Ерин Васон и Изелин Стеиро кои промовирајќи го монохроматскиот изглед, совршено ги одиграа улогите за кампањата на Балесијага за сезоната пролет-лето 2006 година.

 

Келвин Клајн, пролет-лето 2004 година

 

Келвин Клајн, пролет-лето 2004 година

Преубавата Наталија Водјанова беше заштитно лице на неколку од кампањите на Келвин Клајн во првите неколку години од новиот милениум. Но ако мораме да издвоиме една тоа ќе биде кампањата за сезоната пролет-лето 2004 година, фотографирана од Стивен Мејсел, каде рускиот модел со сјаен бронзен тен, длабок син поглед, во секси креациите на модниот бренд, кои совршено стојат на нејзиното тело, ги возбудува и предизвикува големо внимание.

 

Бурбери Прорсум, пролет-лето 2006 година

 

Бурбери Прорсум, пролет-лето 2006 година

Бурбери Прорсум во своите кампањи секогаш во фокусот го става британското наследство, но во рекламната кампања за сезоната пролет-лето 2006 година, оваа модна куќа се осврна на своите англиски корени за чиј симбол ја одбра златната варијанта на британското знаме. Моделот кој глуми во кампањата е Гема Вард, а сликана е од веќе докажаниот Марио Тестино.

 

Џил Сандер, пролет-лето 2008 година

 

Џил Сандер, пролет-лето 2008 година

Како ново лице на модната сцена Касија Струс ја имаше честа да биде заштитно лице во кампањата на Џил Сандар за сезоната пролет-лето 2008 година, сликана од страна на Вили Вандерпер. Централна тема беше стилот на една жена во светот на животинскиот принт.

 

Роберто Кавали, пролет-лето 2006 година

 

Роберто Кавали, пролет-лето 2006 година

Кејт Мос се има појавувано во многу рекламни кампањи досега, но изгледа дека кампањата на Роберто Кавали за сезоната пролет-лето 2006 година, ќе биде една од оние кои дефинитивно одбележаа едно важно поглавје во нејзината кариера. Фотографирана од Мерт и Маркус и секако единствената Кејт Мос во улога на чоколадна пустинска дива.

 

Клое, пролет-лето 2005 година

 

Клое, пролет-лето 2005 година

Ања Рубик и Џулија Стегнер го предизвикаа женскиот гламур во реклманата кампања на францускиот бренд Клое за сезоната пролет-лето 2005 година, фотографирана од Инес и Винод.

 

Долче и Габана, пролет-лето 2006

Долче и Габана, пролет-лето 2006

Ракел Цимерман, Каролина Трентини, Џеза Киминацо, Гема Вард и Снежана Онопка, се најдоа во улога на модерни млекарки во кампањата на Долче и Габана за сезоната пролет-лето 2006 година, сликана о д Стивен Мејсел.

 

Живанши, есен-зима 2005 година

 

Живанши, есен-зима 2005 година

Марија Карла Босконо му беше омилената муза на Живанши речиси десет години, па поради тој факт се најде во фокусот на многу кампањи на оваа модна куќа. Посебно ја нагласуваме кампањата за сезоната есен-зима 2005 година, каде италијанскиот модел е прекриен со драматична наметка во црно бела фотографија изработена од Инес и Винод.

 

Гучи, есен-зима 2008 година

 

Гучи, есен-зима 2008 година

Во кампањата за сезоната есен-зима 2008 година, овој моден конгломерат воведе револуција во своето креирање воведувајќи нова естетика во бохемски рок  стил. Енико Михалик и Лили Доналдсон беа изгубени во расцветаните полиња, а нивната игра беше фтографирана од Инес и Винод.

 

Ланвин, есен-зима 2011 година

 

Ланвин, есен-зима 2011 година

Кој би можел да ја заборави оригиналната кампања на Ланвин за сезоната есен-зима 2011 година, каде моделите Карен Елсон и Ракел Цимерман, танцуваат во преубавите дизајнирани парчиња облека. За кампањата беше изработено и видео каде ја имате можноста да го проследите танцот на моделите, и а фотограф на кампањата беше Стивен Мејсел.

 

Мисони, пролет-лето 2009 година

Мисони, пролет-лето 2009 година

Мисони во својата кампања за сезоната пролет-лето 2009 година промовираше ретро издание на парчиња облека кои ги носеа Наташа Поли и Исабели Фонтана. Со генијалното чувство за перцепција на Стивен Мејсел кој ја фотографираше оваа кампања на плажа, се прикажа амбиент кој наликува на 50-тите години, со турбани и колоритни плетенки кои послужија како реквизити за да се долови ретро приказната.

 

Прада, есен-зима 2005

 

Прада, есен-зима 2005

Саша Пивоворова, имаше импресивна серија од шест последователни сезони како заштитно лице на модната куќа Прада. Во кампањата на овој моден бренд за сезоната есен-зима 2005 година, сликана од Стивен Мејсел, Саша ја глуми инспиративната хероина на Алфред Хичкок. Имено, моделот за оваа модна куќа повторно се појави во промоцијата на ресорт колекцијата за 2013 година.

 

Валентино, есен-зима 2005

 

Валентино, есен-зима 2005

Во својата рекламна кампања, за сезоната есен-зима 2005 година Валентино ја одбра Џесика Стам да биде неговата анимирана кукла, која е водечка нишка низ целиот проект. Кампањата ја сликаше повторно Стивен Мејсел.

 

Версаче, есен-зима 2006 година

 

Версаче, есен-зима 2006 година

Версаче брендот е познат по својот впечатлив и женствен гламур, па во контекст на ова рекламната кампања на оваа модна куќа за сезоната есен-зима 2006 година , совршено ја нагласи женската убавина и го оправда погоре кажаното. Во кампањата глумат Ангела Линдвал, Каролина Марфи, Кејт Мос, Кристи Тарлингтон и Дарија Вербови, кои во прекрасни тоалети позираат пред фотообјективот на Марио Тестино.

 

Шанел, пролет-лето 2007 година

 

Шанел, пролет-лето 2007 година

Шанел за својата кампања во 2007 година за сезоната пролет-лето, преку моделот Фреја Беха, промовираше минимализам во просторот, ограничувајќи се на синото небо и белите високи ѕидови кои треба да бидат обоени од сончевите зраци. Идејата за целосната реализација е на креативниот директор, Карл Лагерфелд.

 

Луј Витон, пролет-лето 2008 година

 

Луј Витон, пролет-лето 2008 година

Во својата кампања за сезоната пролет-лето 2008 година, Луј Витон избра модели со светски имиња, како Наоми Кемпбел, Ангела Линдвал, Клаудија Шифер, Стефани Сејмур, Наталија Водјанова и Ева Херцигова кои ќе позираат поставени на покривот од автомобилите пред фотообјективот на Мерт и Маркус.

 

Марк Џејкобс, пролет-лето 2008 година

 

Марк Џејкобс, пролет-лето 2008 година

Викторија Бекам позира пред огромна кутија за чевли и шопинг кеси во предимнзионирани форми за кампањата пролет-лето 2008 година на Марк Џејкобс. Фотографскиот момент му е препишан на Јирген Телер.

 

Александар Меквин, есен-зима 2008 година

 

Александар Меквин, есен-зима 2008 година

Алис Гиб позира во гнездо за кампањата на Александар Меквин за сезоната есен-зима 2008 година. Грег Мекдин  ја фотографираше црвенокосата убавица која презентираше романтични дизајни и креации во кои преовладуваат темните нијанси.

Објавено:
3 септември 2013
Категорија: 
Сцена