Триумфално враќање на Гема Вард за Прада

14 јануари 2015

Кон крајот на месец декември Мијуча Прада со една црно-бела фотографија ја најави пролетната  кампања во која главната улога ја има моделот Гема Вард. Почетокот на 2015 година, таа ја стартува со она што  ја заскокотка модната публика, а сега фотографиите се објавени во целост и истите ги поптишува  фотографот Стивен Мејсел.

Новата кампања се состои од два дела,  во црно-бела и колор техника. Колор-блок фазонот освен  на фотографиите доминира и во однос на парчињата облека,  кои се изработени во спој на реинтерпретирана ретро верзија во новото време.

Колку за потсетување, познатата актерка и модел, Гема Вард после седум години, триумфално се враќа на модните ангажмани. Во пролетната рекламна кампања на Прада, Вард изгледа одлично во ретро-шик парчињата кои ги носи со посебен шмек кој по се изгледа не го изгубила за време на паузирањето од модните проекти.

Објавено:
14 јануари 2015
Категорија: 
Актуел