Свадбите за кои најмногу се зборуваше во 2017 година

18 декември 2017

Веќе знаеме дека свадбата на принцот Хари и Меган Маркл ќе биде свадба на годината за 2018. Но, сега ќе погледнеме кои се петте свадби за кои се зборуваше најмногу во оваа 2017 на изминување:

 

#5 Пипа Мидлтон и Џејмс Метјус

Мај месец беше комплетно посветен на оваа двојка и нивната свадбена церемонија. Како пренесоа медиумите тогаш, овој за нив посебен ден, ги чинел повеќе од еден милион долари. Пипа носеше венчаница од Жак Декон. За потсетување, се пишуваше дека свадбата започнала со појадок и шампањ за сите гости, а завршила со виски и разни десерти, како и партија тенис помеѓу легендарниот Роџер Федерер и принцовите Вилијам и Хари. Гостите се забавувале до раните утрински часови, а повеќе фотографии и информации можете да видите на линкот ТУКА.

 

#4 Викторија Сваровски и Вернер Муерц

Наследничката на Пол Сваровски, Викторија имаше романтична и богата свадба  во Италија. Младата пејачка се појави во три фустани, а главниот за венчавката во црква, вреден милион долари, беше покриен со преку 500.000 Сваровски кристали, што веруваме и не претставувало некаков проблем. Имајќи ја предвид атмосферата и луксузот спакуван во минималистичко уредување на просторот и детали, многумина нивната свадба ја нарекоа и свадба од бајките. А подетално ве потсетуваме ТУКА.

 

#3 Миранда Кер и Еван Шпигел

Убавиот модел и основачот на „Снепчет“ ја официјализираа својата љубов во јули годинава. На церемонијата присуствувале 45 гости, а ексклузивата за фотографиите ја имаше „Вог“. Миранда блесна во класична венчаница создадена од модната куќа „Диор“, украсена со апликации во фрома на цветови од лилјан. 

Останатите фотографии и атмосфера од оваа венчавка можете да ги погледнете ТУКА.

 

#2 Кеснија Царицина и Алексеј Шапалов 

За оваа свадба се пишуваше дека е најскапата за 2017 година. Веселбата беше одржана во луксузниот хотел Барвикја во Москва, а внатрешноста по тој повод беше украсена со многубројни цветни аранжмани. Ксенија имаше неколку венчални фустани украсени комплетно со скапоцени камења. На церемонијата имаше и лебдечка торта, како и неколку бенда. На оваа приказна ве потсетуваме ТУКА.

 

#1 Серена Вилијамс и Алекс Оханиан

Минатиот месец сите зборуваа за свадбата на оваа позната двојка. Темата беше „Убавицата и ѕверот“, а на церемонијата присуствуваа повеќе од 250 гости. Серена се појави во две венчаници - првата од „Александар Меквин“, а втората од „Версаче“. Ексклузивата за фотографиите повторно ја имаше „Вог“, а доколку не сте ги погледнале досега, можете да го сторите на линкот ТУКА

 

Инаку, покрај овие пет двојки, во 2017 во брак стапија и актерот Пен Беџли, Аманда Сејфрид, Џим Парсонс, Аризона Мјуз, Џесика Честеин, Кејт Мара, Стиви Вондер, Бјанка Балти, Џулија Стајлс, Алисија Викандер, Лиса Бонет, Кејт Аптон...

Објавено:
18 декември 2017
Категорија: 
Бела соба
Прочитано:
1.887 пати