Познатото хрватско дуо Никица Иванчевиќ и Вјеко Франетовиќ, кое што стои зад модниот бренд eNVy room, ја претстави својата нова колекција на венчаници.
Колекцијата го дефинира непретенциозниот гламур, безвременската елеганција и женственоста, преку длабоки шлицови, разголени грбови, транспарентни материјали...
Оваа бела бајковита приказна е дополнета со предимензионирани панделки, романтични набори и интересни текстури како еко пердуви и сјани кристали.
Колекцијата венчаници нуди избор за секој тип на невести, за оние кои сакаат повеќе раскош, но и за тие кои преферираат едноставност.
Свилен сатен, креп, жакард со флорални или апстрактни мотиви се избор на дизајнерите кога станува збор за материјали.
Погледнете како сето тоа изгледа.
Фото: eNVy room