Уште една свадба во британското кралско семејство

31 мај 2016

Лејди Шарлот Велесеј и Алехандро Санто Доминго во саботата ја направија долгоочекуваната свадбена церемонија и тоа во Шпанија.

Двојката одлучи да направи црквена церемонија во католичка црква од 16-ти век, во близина на областа Гранде.

Инаку, Шарлот Велесеј (25) е ќерка на Војводата од Велесен и Антонија, принцезата од Прусија, која пак е роднина на кралицата Елизабета Втора и принцот Филип.

Алехандро Санто Доминго (39) е син на Хулио Марио Доминго, а богатството на ова амерканско-колумбиско семејство според „Форбс“ моментално се проценува на 4.9 милијарди долари.

Младата Шарлот на венчавката носеше прекрасна венчаница во крем нијанса, со голи раменици, креација на Емилија Викстед и вел изработен од тантела.

Целата церемонија ја проследија преку 200 познати гости, меѓу кои и Камила, која дојде без принцот Чарлс, потоа поранешниот крал на Шпанија, Хуан Карлос Први, Џејмс Блант со сопругата Софија, која пак е роднина на Шарлот, Ева Херцигова со партнерот...

После црквата, веселбата се одржа на рустичниот имот на Војводата од Велесеј во близина, што го добил како подарок за поддршката на Шпанија против Наполеон. Куќата е градба од 19-тиот век и се простира на 955 хектари, а вклучува и две огромни градини со маслинки.

Инаку, на овој имот престојувале и Чарлс и Дајана. Дајана била тука после венчавката со Чарлс, а оваа пространост било нејзиното скришно место после обелоденувањето на неговата афера со Камила.

Инаку и семејството Доминго има кралски врски.

Внуката на Алехандро, Татиана Санто Доминго е мажена за Андреа Касираги, кој е син на Каролина (принцезата на Хановер) и внукот на принцот Алберт Втори од Монако.

Нејзиниот татко пак, односно братот на Алехандро, е женет со уредничката на „Вог“ и основачката на „Мода Операнди“, Лорен Санто Доминго.

За потсетување, двојката свршувачката ја објави минатата година во јули месец.

Во продолжение погледнете дел од атмосферата и гостите:

Објавено:
31 мај 2016
Категорија: 
Бела соба
Прочитано:
2.525 пати