Веренички престени од кои ќе бидете „заслепени“

24 декември 2013

Речиси секоја немажена девојка би посакала на својата рака да има еден ваков преубав модел на веренички прстен од дизајнерката на накит Ана Шефилд. Ако сте на работ пред веридбата, а знате дека вашето момче се подготвува да клекне пред вас, вие скршете го мразот и покажете му ги токму овие фотографии како би сакале да изгледа вашиот веренички прстен.

 

Новата колекција прстени на дизајнерката Шефилд се од скапоцени камења, а нивната цена се движи од 500 до 15 илјади долари. Ако не сте во можност да си дозволите ваков луксуз на раката, пробајте да пронајдете или да ви биде изработен некој сличен.

 

Објавено:
24 декември 2013
Категорија: 
Бела соба