Некогаш за бракот важел само вереничкиот прстен, но, сега, знак дека партнерот ви ветува брза венчавка и вечна љубов која ќе се круниса со друг прстен или бурма. Вереничкиот прстен треба да биде нежен, суптилен и различен од другите прстени. Неговиот едноставен кружен облик покажува љубов која нема крај. Традицијата на носење веренички прстен опишува повеќе приказни, но, една од нив е најуверлива. Сите ја знеме приказната за пловидбата на Колумбо преку Атланскиот океан во 1477 година. 15 години пред тоа во Австрија, војводата Максимилијан прв поклонил веренички прстен.
Историјата зборува дека тој на Мери од Бургундија и дал прстен со дијамант а потоа за 24 часа се венчале. Изгледа дека нивниот успех ја иницирал традицијата која веќе трае повеќе од 500 години, а најчесто се подарувал обичен прстен со изгравирани љубовни стихови или пораки. Во текот на 18-ти век младенците си дарувале прстени со рубини во облик на срце, надевајќи дека така ќе го освојат срцето на девојката од соништата. Другата половина на 19-ти век носи големи промени врзани за традицијата на венчавката, со оглед на тоа дека во 1870 година во јужноафриканските рудници се пронајдени дијаманти кои тогаш станале достапни и на широката популација. Всушност тогаш и се „раѓа“ вереничкиот прстен онаков каков што ние го знаеме денес, најчесто изработен од злато и платина.
Денес вереничкиот прстен се изработува во различни бои и дезени. Може да биде бел, жолт комбиниран од овие бои на злато и камења во разни бои. Секој веренички прстен треба да е префинет, избран со стил и практичен. Зошто практичен? Тоа е прстен кој треба да се носи секој ден со сите комбинации и прилики. Затоа тој мора да биде квалитетен, нежен но сепак јак. Затоа, кога ќе се одлучите да купите веренички прстен, немојте да штедите, туку барајте квалитет кој вечно ќе трае. Не е важно дали е брилијант од 0,10 карати или 1 карат, дали чини 10 илјади дерари или 10 илјади евра, симболиката е иста. Не треба да се плашите од изборот на подобро злато, треба да имате во предвид дека вереничкиот прстен се носи многу години. Останатиот накит се менува а вереничкиот прстен и бурмата остануваат постојано на раката.
Од наведеното погоре доаѓаме до заклучокот дека овој прстен треба да биде многу квалитетно направен, ниту таман, ниту премногу маркантен, туку едноставно кажано удобен. Традицијата на носење и дарување веренички прстен е различна во зависност од културата, верата и времето во кое се одвива церемонијата. Невестата може да го носи вереничкиот прстен за време на венчавката на раката на која треба да се стави бурмата. Носењето бурма заедно со вереничкиот означува дека веридбата преминала во брак.
Исто така, невестата може да го носи едниот прстен на едната рака , а бурмата на другата. Кај нас бурмата се става на десната рака, а вереничкиот прстен на левата или близу до срцето. И третиот обичај е невестата да и го даде вереничкиот прстен на кумата или деверицата која го чува за време на венчавката а потоа и го враќа. Сепак конкретни правила не се задолжителни, а вие носете ги прстените како што најмногу вас ви одговара.