Нил Лејн открива детали за свадбениот накит на Џесика Симпсон

6 август 2014

Source-Who-magazine

Дизајнерот на накит и колекционерот Нил Лејн веќе одамна е познат кај елитата во Холивуд. Негов накит носеле од Рене Зелвигер, Рис Витерспун, Деми Мур, до Анџелина Џоли и Мадона.

Последните ангажмани му беа врзани за венчавката на Џесика Симпсон и Ерик Џонсон, а тој за магазинот Грација, одлучи да открие неколку детали.  На прашањето како се одлучил како ќе изгледа финалниот дизајн на свадбениот накит на Џесика, тој вели:

-Нашата прва средба беше посветена на моите книги со дизајни. Откако се договориме околу одредени детали, започнавме со скицирањето. Свадбените обетки на Џесика бараа повеќе време. Фустанот веќе беше диајниран и сошиен пред многу време. Материјалот од кој беше изработен беше тенок, нежен во златна боја, со хармоничен сјај. Така, накитот требаше да се движи во таа насока, но не да отскокнува. Дизајниравме обетки со специфична златна линија, со 6-каратен дијамант во форма на солза. Контрукцијата беше таква да тие на крајот нежно преминуваат во два помали дијаманти во близина на увото. Морам да признам дека изгледаа одлично, светкајќи суптилно под нејзиниот бел вел. Џесика изгледаше како принцеза од бајките - вели дизајнерот.

Иако, многумина од ѕвездите знаат да бидат напорни и каприциозни во барањата, Нил вели дека работењето со Џесика и Ерик било пред се' забавно.

-Дизајнирањето на нејзината бурма, која требаше да им комплементира на нејзините прстени од рубин и дијаманти, беше еден вид дизајнерски предизвик. Таа е девојка од Тексас и ги сака нејзините камења! Свршувачкиот прстен со рубини во централниот дел и дијаманти постави стилски „проблеми“. Целта беше креирањето на хармоничен изглед, а не изглед што по секоја цена ќе се „спои“со останатите и секако да има гламурозна нота и значење, без да го засени нејзиниот свршенички прстен. Одбрав маркиз и округли дијаманти за бурбмата, ми се допаѓаше идејата за четири различни форми. Имаше одлична синергија која двата прстена се споија еден до друг - објаснува Лејн.

обетките на Џесика, свршувачкиот прстен и бурмите на младенците дизајнирани од Нил Лејн обетките на Џесика, свршувачкиот прстен и бурмите на младенците дизајнирани од Нил Лејн

Иако невестата е секогаш во центарот на вниманието, дизајнерот открива дека и младоженецот, Ерик Џонсон бил многу возбуден.

-Ерик беше вклучен во целиот процес, и беше мошне возбуден за тоа како ќе изгледа неговата бурма, па беше многу забавно. Кога си ги гледаа бурмите, не ги штедеа комплиментите и беа полни со поддршка еден кон друг. Тој се воодушеви кога се договоривме во ценарот да ставиме рубин и ја ценеше сентименталноста - открива Нил.

Тој воедно и не крие дека омилените парчиња накит за дизајн му се токму свршувачките прстени. Да се биде способен да се „собере“ сета романса и романтичност во прстенот, да се создаде нешто што ќе има вредност за цел живот за него е фасцинантно. Во таа насока, тој дава и неколку совети за бирање на вистинскиот прстен и воопшто свадбен накит.

манжетните на Ерик Џонсон манжетните на Ерик Џонсон

-Бирајте свадбен накит што ќе биде безбременски и што ќе го сакате цел жвот. Немојте да носите семеен накит кој не му соодветствува на вашиот изглед на денот на венчавката. Ако обетките на вашата баба на пример, не се вклопуваат на ушите, можете да ги сошиете како украј на фустанот или некој моден детаљ. Тенот на кожата е исто така важен. На некои жени еднставно им стои подобро бело или розово злато, отколку жолто. Исто така, никогаш не можете да згрешите со класика. Дијамантски обетки во форма на капка се нешто што можете да го носите целиот живот или и во други свечени и посебни пригоди. И за крај, дадете си време. Не се возбдувајте премногу и не брзајте. Уживајте во потрагата и завршете со најдобриот прстен што ќе има доживотна вредност - искрен е Лејн.

Скиците за бурмите Скиците за бурмите

пстенот на сестрата на Џесика, Ешли, исто така дизајн на Лејн пстенот на сестрата на Џесика, Ешли, исто така дизајн на Лејн

дијаматскиот ѓердан на бабата на Џесика дијаматскиот ѓердан на бабата на Џесика

обетките на Ешли Симпсон обетките на Ешли Симпсон

обетките на мајката на Ерик, Мери Џо обетките на мајката на Ерик, Мери Џо

 

 

Објавено:
6 август 2014
Категорија: 
Модни додатоци