Памела Андерсот по шести пат одлучи да стапи во брак, верувајќи дека оваа љубов со Ден Хејхурст ќе биде засекогаш.
Како пренесуваат странските медиуми, Андерсон и нејзиниот поранешен телохранител направиле интимна венчавка во Канада, а актерката одлучи ексклузивните фотографии да ги даде за „Дејли Мејл“.
„Вљубена сум. Се венчавме на Бадник, со благослов од нашите семејства и сите кои ги познаваме се среќни за нас. Се омажив на имотот кој го купив од моите баба и дедо пред 25 години. Тука се венчаа и моите родители и тие се' уште се заедно. Се чувствувам како да затворив цел круг“, изјави Андерсон.
Венчаницата овој пат е несекојдневна, спој на винтиџ и кантри стил. Има здолниште од тул со потпис на канадската дизајнерка Џоана Дилејни, додека горе има маичка со кратки ракави и краток корсет на половината кој е од модната куќа „Валентино“, од каде е и велот.
Изборот на чевли пак е необичен - гумени чизми од брендот „Hunter“.
Таа и нејзиниот телохранител се вљубиле за време на карантинот поради корона вирусот.
„Таму сум каде што треба да бидам“ - сигурна е Памела, која воедно соопшти дека и целосно се повлекува од социјалните мрежи.
За потсетување, убавата блондинка претходно беше во брак со Томи Ли, Кид Рок, Рик Соломон (два пати) и Џон Питерс.