Кралицата Ранија од Јордан, која што е позната модна икона, заедно со останатите членови од кралското семејство викендов ја прославија венчавката на принцезата Иман.
Кралицата, 52, изгледаше прекрасно во плисиран долг фустан во нежна земјена нијанса.
Тоалетата, која што е од ланската есенска колекција на Dior, ја дополни раскошен накит - дијамантски прстен, алка и дијмантски бетки.
Принцезата Иман, 26, го одземаше здивот во елегантна, кралска венчаница со долги ракави, со префинети детали од тантела. Невестинскиот изглед беше комплетиран со светкава тијара и долг вел со цветен дезен.
Иман е второ дете на кралот Абдула и кралицата Ранија од Јордан.
Нејзин избраник е Александар Термиотис Џамел, кој што е грк по потекло, роден во Венецуела.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
Фото: Instagram