Елеганција во боја – по примерот на кралицата Ранија

2 февруари 2023

Кој вели дека елеганцијата не оди со силни и смели бои?

Ако постои макар и мал сомнеж дека интензивните бои се ризик за класичниот и безвременски изглед, јорданската кралица Ранија ќе ве разубеди со факти.

Таа важи за беспрекорно стилизирана дама, која умешно во својот имиџ прави спој на безвременска класика и модерен и атрактивен изглед.

И многу често, нејзиниот стил вклучува боја. Интензивни, силни и впечатливи тонови, во елегантни и женствени, впчатливи, но ненаметливи комбинации.

Во една таква се појави на официјална средба во Белата куќа со Првата дама на САД, Џил Бајден.

За приликата кралицата Ранија носеше елегантен миди фустан, во суптилно дефиниран крој на преклоп, во моќна мастило сина боја.

И ако направите ретроспектива на нејзиниот стил, ќе забележите дека многу често и во неформални и во фомрални прилики, боите не се реткост кај неа што ја прави инспиративна, особено за оние кои „се плашат" од бои.

Но, вредно е да се забележи дека кога имплементира силен колор во својот стил, тогаш најчесто се задржува само на една, евентуално комбинација од две бои. Така се добива впечатлив, а сепак одмерен изглед.

Фото: Инстаграм

Објавено:
2 февруари 2023
Категорија: 
Sweet 40+
Прочитано:
433 пати