Во Скопје Мериот свадбите од бајките се претвораат во реалност

14 септември 2016

Совршената свадба можеби за секого изгледа различно, но свадбата од бајките и посебноста на овој ден што ќе се памети многу потоа, лежи во деталите. Токму овие детали нудат безброј можности за осмислување и реализирање на овој посебен ден.

Шармот на деталите и беспрекорната организација во Скопје Мериот ќе ја создадат вашата уникатна свадба. Пред сè ексклузивноста и високиот стил на самиот ентериер, екстравагантниот амбиент внесен во секој дел од хотелот Скопје Мериот, на вашата свадба ќе ѝ дадат печат на посебност и важност не само за вас лично, туку и за вашите гости.

Содржините и аспектите во моделирањето на овој ден во Скопје Мериот се бескрајни и ви даваат можност вашата фантазија за свадбениот ден да ја видите пред своите очи, да живеете и да се радувате во сопствената идеална замисла. Ако секоја невеста својата свадба ја замислува и доживува во извесна боја, преку светлосните ефекти и спектакуларниот лустер, самите вие можете да ја обоите својата веселба во саканата боја.

Организирањето свадба во Скопје Мериот може да биде отскокнување од стандардите и заобиколување на веќе познатото одвивање на овој ден. Создадете посебен момент на блискост со вашите гости со организирање прием за вашите гости во единствената и посебна просторија пред влезот во големата сала.

Експертите и професионалците во Скопје Мериот се секогаш на располагање за да ви помогнат како да го моделирате својот ден, со бројни сугестии, детали на кои можеби ќе заборавите и идеи за кои не знаете дека постојат.

И на крај, за да биде сè совршено и денот да го запаметите како единствен и неповторлив, Скопје Мериот создаде уште поволности што ќе ви помогнат да се опуштите и самите да уживате во овој ден. Понудата од готови менија или можноста самите да го создадете со помош на персоналот на хотелот, како и претходната дегустација на свадбеното мени, со почетна цена од 1.600 денари, ќе ги воодушеви вашите гости. За посебна атмосфера на самата свадба, за посилно чувство на славење и веселење ќе придонесе посебниот подиум за танцување. А сето тоа можете да го имате со специјалните цени кои што ги нуди Скопје Мериот и плус како подарок, првата брачна ноќ да ја поминете во една од стилските соби на хотелот.

Секако, за дефинирање на сите поединости, тука е и платформата Meetings Imagined, за интерактивно креирање совршен и соодветно прилагоден простор, со додадена вредност на услугата. Платформата е создадена со цел да понуди решение, знаење и професионалност, да инспирира но и да соработува и поттикнува во изнаоѓање различни решенија за вашата свадба. На meetingsimagined.com може да се најдат идеи, трендови, слики, како и различни концепти за свадбениот ден да изгледа совршено.
Дополнително, тука е и програмата Marriott Rewards®. Оваа програма на брачните двојки како членови, им овозможува при организирање на нивната свадба во Скопје Мериот, да добијат тројно повеќе поени, коишто потоа може да ги искористат за свадбеното патување во кој било од над 4200 хотели во повеќе од 70 држави низ целиот свет од ланецот на Хотели Мериот.

И затоа што Скопје Мериот ќе ви го овозможи овој магичен ден и нема да дозволи да заборавите ни еден најмал детаљ, на младенците им подарува романтична вечера во ресторанот Дистрикт, на првата годишнина од денот кога свадбата ја претворивте од бајка во реалност.

Спонзорирана објава

 

Објавено:
14 септември 2016
Категорија: 
Бела соба
Прочитано:
6.880 пати