Новата колекција, пролет-лето 2016, на Olimpia Bijoux е инспирирана од свежите и нежни бои кои ги красат пролетните цветови во најубавата сезона за свадби која ни предстои.
Деталите за коса, накитот, а и сите останати декоративни елементи се рачно изработени и уникатни. Новата колекција пролет-лето 2016 е наменета за сите смели и самоуверени девојки и невести кои сакаат да бидат впечатливи и запаметени по својот стил и уникатност. Во дел од деталите на новата колекција е вметнат Македонскиот традиционален филигран разигран во нова и модерна форма.
Од тимот потенцираат дека невестата што го носи накитот на Olimpia Bijoux е привлечна, слободна, различна, но најважно од сè е девојка која чекори самоуверено и гордо на најважниот ден од својот живот. Со долгогодишното искуство, тимот се труди да внесе дизајн, квалитет, креативност и убавина во еден од најважните денови од животот на секоја девојка.
Модел: Ангелина Китановска
Фотографија: Миладин Паповиќ
Шминка: Виктор Мирчевски
Фризура: Студио „Артистико“
Венцаници: Студио Зиане