Доколку следите патувачка содржина, особено онаа фокусирана на природните убавини на Македонија, невозможно е да не сте го забележале прекрасниот профил на @svidovski.
Стефанија Видовски Јанева веќе година ипол работи во маркетинг агенција, иако генерално со маркетинг се занимава уште од претходно. Но, покрај маркетингот како нејзина професионална љубов, таа се занимава и со фотографија, која во голема мера ја вклучува и во својата работа.
View this post on Instagram
Таа за себе вели дека се вљубила во фотографирањето уште од рана возраст, a со текот на времето, ова хоби прераснува во значаен сегмент од нејзиниот живот. Фотографијата е нејзин издувен вентил и алатка за лична експресија.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
Сепак, природата, планинарењето и неуморното истражување на руралните предели и природните богатства со кои плени нашава земја е неоспорна фасцинација на Стефанија која блика низ речиси секоја објава на нејзиниот Инстаргам профил.
View this post on Instagram
- Ридови, планини, рамнини, врвови, села, реки, езера, потоци. Сето она што претставува извор на постоењето, а многу често го забораваме. Токму затоа повременото бегство од Скопје и престојот во природа е нешто без кое не можам да замислам да живеам. Лично верувам дека и токму крајната цел во овој брз, хаотичен живот е секој да си го пронајде мирот и спокојот враќајќи се назад кон корењата, а тоа е природата и сѐ поедноставниот (одржлив) начин на живот. - вели Стефанија.
На прашањето на кој начин ја спознава Македонија, Стефанија вели:
- Вечната моја фасцинација со природниот свет, а поконкретно ова мало зелено парче рај што се вика Македонија е љубов која ми е можеби во голема мера пренесена генетски од многу рана возраст. Од кога знам за себе, јас сум по шуми или по планини. „Виновниците" се секако дедо ми (активен планинар до својата 80 год) и баба ми, а потоа и моите родители кои немаат испуштено прилика да не понесат со себе на сите свои патувања и авантури низ земјава. Ова се почетоците, а ден денес уживам да го правам тоа со мојот партнер и моите пријатели со кои често си правиме екскурзии низ земјава кога и да се најде слободно време.
Патувањата на Стефанија се најчесто инспирирани спонтано од одредено место или предел кои го привлекло нејзиното внимние. Од моментот кога ќе ја одреди почетната точка, следниот чекор е отворање Google Maps за детална анализа. А од тука натаму, Стефанија вели дека ѝ е лесно да направи активна агенда за наредните 2-3 дена. Неретко тоа се и локации кои ги има посетено како дете, за кои има желба одново да ги искуси и да ги доживее на сосема поинаков начин.
Покрај неодоливата природа на оваа земја, патувањата и желбата за истражување на Стефанија се силно мотивирани и од сериозната, неопислива носталгија и поврзаност со стари градби, стари селски куќи и дворови, села кои навидум наликуваат како времето да застанало за нив.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
- Самиот момент дека баш јас ја имам приликата да стапнам на место чии ѕидови имаат историја и свои приказни ми дава некое чудно чувство на смиреност и спокој. И секако, сè што е вода или покрај вода. Сèуште ништо не успеало да ме натера да не брцнам раце или нозе кога и да наидам на река, езеро, водопад, поток, па дури ни ниски температури. - вели Стефанија.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
Во прилог погледнете некои од нејзините волшебни фотографии кои со сигурност ќе ве инспирираат да тргнете на истражувачко патување низ нашата прекрасна Македонија.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram