Spice Girls повторно заедно?

31 мај 2023

Поп феноменот Spice Girls на некој начин ги одбелeжаа 90-те. Петте девојки, Ема, Гери, Викторија, Мелани Б. и Мелани С. со своите хит песни, сценските изведби и видео записи направија вистински глобален бум.

Петорката беше толку популарна што резултираше и со филм во којшто беа вклучени некои од најпознатите британски актери.

Последен пат Спајсиците се собраа пред 11 години, кога пееја за време на Олимпијадата во Лондон во 2012 година.

Секоја од нив тргна по различна животна патека, но како што пишуваат тамошните медиуми, сите пет сè уште комуницираат.

Во последните неколку дена се зборува за нивно повторно обединување, а виновникот за тоа е Scary spice, односно Мелани Б. која што најави дека девојките се подготвуваат за нешто големо.

Таа дури спомена и дека Викторија, која што првично одбивала, сега прифатила да учествува во заедничкиот проект.

Фановите сигурно ќе сакаат да ја видат славната петорка, а дали тоа ќе се случи, и кога останува да видиме.

Во меѓувреме да се потсетиме на еден од најголемите хитови на Spice Girls.

Фото: Instagram

Објавено:
31 мај 2023
Категорија: 
Култура
Прочитано:
160 пати