Наскоро документарен филм за „Спајс Грлс“

18 јули 2020

Ако сте растеле во 90-тите, тогаш ви е јасно каква поп-атракција беа „Спајс Грлс“. Женскиот бенд беше еден од најпопуларните и најпродаваните во тоа време. Наредната година тие слават 25 години од првиот сингл, а по тој повод се подготвува и нов документарен филм.

Насловот е „Girl Powered: The Spice Girls“, ќе биде во продукција на „Канал 4“. Филмот ќе биде посветен на целата приказна за успехот на девојките кои и денес привлекуваат многу внимание.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Spice Girls (@spicegirls) onMay 18, 2019 at 9:41am PDT

Во остварувањето ќе има и архивски снимки, како и нови интервјуа со главните „актерки“. Гери, Ема, Мелани Си, Белани Би и Викторија ќе зборуваат за своите почетоци и аудицијата после која во 1994 година се оформи бендот.

Исто така, ќе зборуваат за нивниот почеток со дебитантскиот сингл „Wannabe“ издаден во 1996 година,па сè до денес, кога секоја од членките има сосема поинаков живот.

Премиерата на филмот е планиранирана за 2021 година, што ќе се поклопи со споменатиот јубилеј - објавувањето на синглот и првата турнеја.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Spice Girls (@spicegirls) onMar 13, 2020 at 9:11am PDT

 

Странските медиуми објавија дека познатите дами активно учествуваат во филмот, бидејќи сакаат да ја раскажат вистинската приказна и дека тој период го живееле како едно големо семејство.

 

Објавено:
18 јули 2020
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
200 пати