Погодувате ли кој е најголемиот обожавател на „Спајс Грлс“?

6 ноември 2018

Вест број еден во светскиот шоу-биз деновиве е обединувањето на членките на „Спајс Грлс“. Од јуни следната година започнува нивната светска турнеја, а започнува со концертот во Манчестер.

Тоа израдува бројни обожаватели на групата, посебно оние што пораснале со нивната музика. Меѓу нив е и пејачката Адел.

Таа на Инстаграм профилот објави фотографија од детство, на која се гледа дека речиси целиот ѕид ѝ е облепен со постери од групата.

 
 
 
View this post on Instagram

HA! This is how I feel right now! I AM READY

A post shared by Adele (@adele) onNov 5, 2018 at 12:03pm PST

  „Ха! Вака се чувствувам во моментов. Подготвена сум“, напиша пејачката под фотографијата, која се најде и на огицијалниот профил и на групата.

А подготвени се и едни од најголемите ѕвезди во 90-тите.

Сепак, после бројните шпекулации и нагаѓања дали Викторија Бекам конечно ќе им се приклучи, вчера пристигна и конечниот одговор - „Спајс Грлс“ одат на турнеја без Пош Спајс.

 „Одиме на турнеја! Возбудени сме што можеме да ја најавиме Spice World Tour“. Билетите ќе бидат во продажба од сабота во 10.30“, стои во објавата.

После нив, се огласи и Викторија Бекам, која им посака среќа.

 „Денеска е посебен ден за девојките кои ја објавија првата турнеја од последниот наш настап во 2012 година! Јас нема да им се придружам на сцената повторно, но тоа што бев дел од „Спајс Грлс“ има голема и важен дел во мојот живот и им посакувам многу љубов и забава на турнејата следната година. Знам дека ќе прикажат одлично шоу и фантастичните фанови, поранешни и сегашни, ќе си поминат одлично“, напиша Бекам.

Најавата имаше и преку видео, а можете да ја погледнете во продолжение:

 

 

 

Објавено:
6 ноември 2018
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
905 пати