10 добри вести во 2020

5 октомври 2020

Да, можеби ви изгледа како 2020 да не донела ништо позитивно со себе. Почна со ужасните пожари во Австралија, потоа следеа земјотресите во Албанија, за од крајот на февруари да започне ширењето на короната. Оваа година имаше катастрофални пожари и низ Калифорнија, поплави, а неодамна почна и вооружени пресметки и немири помеѓу Ерменија и Азербејџан

Сепак, не е се' така црно. На сајтот „Bright Side“, се потрудија да ја прикажат и посветлата страна на годинава, посочувајќи на позитивните вести кои можеби и не сме ни знаеле дека постојат или пак едноставно не дошле доволно до израз.

Дел од нив ви споделуваме во продолжение:

#1Во март беше објавено дека уште еден човек е потполно излечен од СИДА. Се работи за Адам Кастиељо, кој има 40 години и е лечен во Лондон. Тој е втората личност во светот која е комплетно излечена од оваа болест на 19 век.

#2 Научниците измислија специјална ракавица која знаковниот јазик симултано го претвора во говор.

#3 Пред два месеца беше објавено дека бројот на слонови во Кенија е дупло зголемен од 1989 година до сега. За потсетување, африканските слонови во 1979 година беа класифицирани како загрозен вид.

#4 Во април дознавме дека најголемата озонска дупка над Арктикот е конечно затворена.

#5 После четири години без случаи на детска парализа, Нигерија стана последната земја во Африка која се ослободи од полиовирусот кој всушност и ја предизвикува оваа болест.

#6 Во август, НАСА прати свое возило кон Марс, кое ќе слета таму во февруари 2021 година и ќе биде користено за истражување на теренот, но и за потрага по живот на оваа планета.

#7 Во Индија во 2020 година се засадени околу 250 милиони дрвја, со цел на овој начин да ја спречат промената на климата и негативните ефекти кои произлегуваат од тоа.

#8 Поради карантинот и другите мерки во броба против ширењето на Ковид-19, во поголемиот дел од светот е забележано намалување на загадувањето во однос на претходниот период.

#9 Девојче со Даунов синдром дипломираше на Институтот за уметност во Калифорнија, стекнувајќи се со диплома за фотографија и медиуми.

#10 Откако видеото на кое 11-годишно момче од Нигерија танцува босо по дожд стана вирално, момчето прими неколку стипендии од целиот свет за да учи балет, а тоа конечно и ќе се случи следната година, на едно престижно училиште во САД.

 

 

Објавено:
5 октомври 2020
Категорија: 
Култура
Прочитано:
230 пати