10 години од првата епизода на Gossip Girl

1 септември 2017

Култната тинејџерска серија која го следеше животот на богатите месецов слави 10 години од првата епизода (емитувана на 19-ти септември). Од 2007 до 2012 година колку што се емитуваше, серијата беше богат извор на модна инспирација, што беше уште еден сегмент поради кој беше неверојатно гледана. А секако, тука е и актерската екипа.

По повод овој јубилеј во продолжение ќе ви презентираме неколку факти што можеби не сте ги знаеле за серијата, а со фотографиите ќе ве потсетиме како актерите изгледаа пред една деценија, а како денес.

сезона 1

1.Gossip Girl всушност требало да биде филм, а не серија, но продуцентите се предомислиле.

2. Улогата на Блер била резервирана за Линдзи Лохан

3. Ед Вествик на аудицијата дошол за улогата на Нејт, но продуцентите сметале дека повеќе личи на „сериски убиец, отколку на романтичен јунак“ и ја добил улогата на Чак.

4.Во книгите по кои е снимена серијата, повеќето ликови изгледаат сосема поинакво. На пример, Џени е ниска, со големи гради и црвена коса, а Ванеса пак има избричена глава и секогаш носи црно.

сезона 2

5.Во Њујорк се слави „Ден на Gossip Girl“, а тоа е 26-ти јануари.

6.Еден ден снимање во Њујорк чинело помеѓу 10.000 и 60.000 долари.

7.Пен Баџли (Ден) и Блејк Лајвли (Серена) во серијата се двојка, а вусшност се познаваат уште од детството, дури оделе и во исто училиште.

сезона 3

8.Актерите Метју Сетл и Кели Радерфорд кои ги гледавме како таткото Руфус и мајката Лили, пред снимањето на серијата, во приватниот живот биле во врска.

9.Блејк Лајвли имала проба за венчаницата која ја носела во серијата со венчавката со Ден, ден после пробата за својата венчавка со Рајан Рејнолдс.

10.Изгледот на Блер Волдорф е инспириран од стилот на легендарната Одри Хепберн.

сезона 4

11.Изгледот на Серена пак, бил инспириран од изгледот на Кејт Мос.

12.Пен Баџли два пати ја одил да го толкува ликот на Ден, но третиот пат конечно прифатил.

13.Дизајнерот Ерик Даман, кој беше задолжен за костимите, претходно доби „Еми“ и за костимите во серијата „Сексот и градот“.

14.Хотелот на Чак, „The Empire“ навистина постои. Во него се служат коктели ХОХО, со тајни состојки кои не сакаат да ги откријат ни по која цена.

сезона 5

15.Продуцентите на самиот почеток даваат назнака дека Ден е всушност „Озборувачката“. Во првите пет минути од пилот епизодата, се гледа како Ден пишува на својот мобилен додека се слуша гласот на „озборувачката“.

16.Сепак, Пен тврди дека не знаел дека тој е „озборувачката“ сè до снимањето на сцената во која таа тајна се открива.

17.За улогата на Блер, Лејтон Мистер морала својата руса коса да ја бојадиса во смеѓа, бидејќи Серена мора да биде единствената со руса коса.

18. Седењето на скалите на МЕТ, каде редовно гледавме ученици, всушност е забрането.

сезона 6

19.Улогата на Џорџина Спаркс ѝ била понудена на Миша Бартон, но таа ја одбила. Веројатно зажалила за одлуката.

20. Лајвли и Баџли се забавуваа и за време на серијата. Откако раскинале, два месеца криеле од сите дека не се веќе заедно. Блејк тогаш го запознава Дикаприо и се забавува со него, а дури после него доаѓа Рајан Рејнолдс.

Блејк Лајвли

Ченс Крафорд

Конор Паоло

Ед Вествик

Џесика Зор

Лејтон Мистер

Метрју Сетл

Пен Бадлеј

Тејлор Момсен

Зузана Задковски

Објавено:
1 септември 2017
Категорија: 
Култура
Прочитано:
1.182 пати