Ќе има 10 нови епизоди Gossip Girl!

18 јули 2019

Веста дека ќе има нови епизоди на „Gossip Girl“, односно „Озборувачка“ ја разбранува светската јавност. Сериите како формат апсолутно доминираат последниве години, а доказ за тоа е дека секојдневно се појавуваат вести дека некоја серија се враќа на екраните!

Според досега познатите информации, серијата ќе се емитува на плаформата „НВО Мах“, ќе има 10 нови епизоди, а дејството ќе се одвива одум години по завршетокот на оригиналната приказна.

Потврдено е и дека Џош Шварц и Стефани Саваџ ќе бидат продуценти, а Џошуа Сафран ќе биде сценарист, така што промени во екипата која и првично ја создаде серијата нема да има. Она што не е потврдено е дали некој од главните актери ќе се појави и во новите епизоди. 

Сепак, низ светските медиуми кружат информации дека гледачите не треба да бидат многу оптимистични околу тоа дали ќе ги видат Блејк Лајвли или Лејтон Мистер.

Новите епизоди во фокус ќе ги стават нова генерација тинејџери на Менхетен, на кој животот им се врти околу купувањето на последните дизајнерски колекции и луксузни патувања, забави и секако љубовни драми.

Она што е интересно, а познато е дека самиот лик на „Gossip Girl“, односно „Озборувачката“ ќе има нови карактеристики. Имено, во средиштето на приказната ќе се најдат социјалните мрежи и нивното влијание врз приватноста на корисниците. Ако се земе предвид дека социјалните мрежи имаа влијание и врз оригиналното појавување на серијата пред 12 години, сега тоа влијание ќе биде уште поголемо и пореално.

Иако серијата никогаш немаше големи рејтинзи, особено во поглед на квалитет на содржина, сепак, имаше совршени обожаватели, кои многу придонесоа таа да стане култна. 

 За сега не е познат ни датумот кога би се емитувале. „Gossip Girl“ беше посебно интересна и од моден аспект, а дали тоа ќе остане и во новите епизоди, ќе остане да видиме.

XOXO :)

Објавено:
18 јули 2019
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
551 пати
Тагови: 
актуел Gossip Girl