Излезе првиот тизер за враќањето на „Сексот и градот“

11 јануари 2021

По најавата дека на HBO дека се планира враќањето на серијата „Сексот и градот“ без Саманта, многумина се прашуваа како ли ќе изгледа тоа. 

За целата приказна ќе треба да почекаме уште малку, но она што израдува многумина е тизерот кој го сподели Сара Џесика Паркер на својот Инстаграм профил.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by SJP (@sarahjessicaparker)

 

Ова воедно е и официјална потврда дека навистина ќе гледаме нова содржина од „Сексот и градот“. 

Сара Џесика Паркер изјави дека би сакала да види каде се главните ликови сега, кога светот е сосема поинакво место за живеење отколку пред 10 и повеќе години, напредокот на технологијата, движењата како #metoo, пандемијата...

Новото поглавје ќе се вика „And Just Like That..“, и ќе биде составено од 10 епизоди кои ќе траат по половина час. 

Снимањето ќе започне оваа пролет во Њујорк. Инаку,HBO подготвува враќање на уште две популарни серии „Gossip Girl“ и „True Blood“.

Очекувањата се големи, а за впечатоците ќе треба да почекаме. 

Објавено:
11 јануари 2021
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
1.106 пати