10-те најпопуларни плажи за оваа година

14 март 2017

Повеќето од вас веројатно со нетрпение го очекуваат летото, уживањето под сино небо, песок, солена вода, сонце...

Ако веќе сте во потрага по тоа како и каде ќе го поминете летниот одмор, можеби ќе ви помогне и текстот во продолжение за најпопуларните и најубавите плажи годинава.

Сајтот Trip Advisor неодамна го претстави својот избор за нај плажи за 2017 година, според бројот на посетители и нивните рецензии во текот на изминативе 12 месеци.

Листата е сочинета од вкупно 343 плажи, а во продолжение видете го изборот на првите десет.

 

10. Плажа Галапагос во заливот Тортуга, Пуерто Ајора, Галапагос

Тиркизно сина вода, бел песок и ниту една друга личност на видик – тоа е она што го нудат типичните плажи на Галапагос. Коралниот песок ја краси оваа, која се наоѓа на околу 2.5 километри пешачење од Пуерто Ајора. Исто така, ви нуди и поглед на прекрасниот залив малку подалеку од главната локација. Одлично место за нуркање и кајакарство.

 

9. Плажа Елафониси, Крит

Заслепувачки белиот песок, со розови нијанси и неверојатно тиркизната вода е нешто што ќе го пронајдете на Елафониси. После еден поглед на фотографиите од ова место, ќе посакате веднаш да се најдете таму.

 

8. Радхангар, острово Хавелок, Индија

Оваа плажа се наоѓа на таква локација да до неа можете да стасате само преку Индија. Со своите богати корални гребени и бујната зелена шума, оваа плажа е едноставно прекрасна поради својата флора и фауна и секако фантастичниот бел песок.

 

7. Плажа Норте, Мексико

Со мирна тиркизна вода, ситен песок и небо, кое во споредба со сината вода изгледа бледо, ова место е вистински рај. Уште да не заборавиме дека водата е секогаш топла, па не изненадува фактот дека е една од најпосетените во светот.

 

6. Плажа Ла Конча, Сан Себастијан, Шпанија

Оваа плажа е најсимболичниот локалитет во Сан Себастија. Исто така, Ла Конча е прогласена и за најдобра плажа во Европа, а погледот на светилникот е биде вистинско доживување.

 

5. Плажа Сиеста, Флорида

Сиеста плажата често била една од најфалените во туристичките магазини. Песокот е чист кварц, чист и мек, а истовремено и никогаш премногу жежок за нашите стапала. Токму песокот е една од причините зошто Сиеста ја посетуваат толку многу луѓе.

 

4.Плажа Парадизо, Кајо Ларго, Куба

Минатата година беше на место број три, а оваа е едно подолу. Критичарите ја фалат поради заклонетата и пријатна локација, затоа што токму овде може да се ужива во мир и тишина, сонце, кристално чиста вода и топол развигор.

 

3.Плажа Игл, Аруба

Карибите се познати по идиличните плажи и како локација за совршен одмор, а Аруба е посебно позната во џет-сет круговите, а „обичните смртници“ ја нарекуваат и рај на земјата.  Ова е воедно и најшироката плажа во овој дел од планетата, со неверојатно бел и чист песок и вода.

 

2.Заливот Грејс, Каикос

Минатата година оваа плажа се најде на првото место. Нуди осум километри бел песок и тиркизна вода во комбинација со луксузни одморалишта. Исто така, токму тука се наоѓа и третиот по големина корален гребен на светот, што е посебен предизвик за тие што се занимаваат со нуркање.

 

1.Баиа до Санчо, Фернандо де Норона, Бразил

Идиличен островски рај во вулканскиот архипелаг Фернандо де Норона оваа година е на првото место. Кристално чиста вода, нежен песок, големи карпи и богат морски живот ја прават оваа дестинација најпосакувана во цел Бразил. До плажата може да се дојде со брод или пливање, што ја прави уште попривлечна, особено за авантуристите и спортистите.

Објавено:
14 март 2017
Категорија: 
Култура
Прочитано:
1.126 пати
Тагови: 
плажи лето 2017