Кои се најубавите плажи во светот?

27 јуни 2014

плажата Anse, на островот Праслин  на Сејшелите плажата Anse, на островот Праслин на Сејшелите

Што повеќе расте еуфоријата за Светското првенство во фудбал, бидејќи се ближат завршните натпревари, така се повеќе ви се разгорува желбата за да заминете некаде на одмор. Признајте дека и самиот Бразил е виновен поради градацијата од бои низ улиците, пространствата со зеленило, песочните плажи, врелиот танц, убавите жени и жешките температури.

плажата Baio do Sancho во Бразил плажата Baio do Sancho
во Бразил

Во светот постојат места кои што навистина пленат со својата волшебна убавина, веселите пејсажи и магијата на зајдисонцата. Белиот песок кој неосетно крцка под стапалата, музичката рапсодија од бранови , прекрасното сино небо кое во далечината се спојува со морето и создава хармонична летна воздишка, колоритните и секогаш свежи коктели, чадорите од слама, школките кои ги понесуваме за спомен од нашето патување, љубовните ѕвездени ноќи и вечерните забави.

плажата Клифтон во Јужна Африка плажата Клифтон во Јужна Африка

Ова се само дел од можеби најубавите моменти кои може да ги доживеете додека сте на одмор. Да не ги споменувам крстарењата и екстремните водени спортови доколку сте љубители на вакви доживувања. Летото е навистина инспиративен период не само во поглед на модните композиции, длабоко во себе тоа е сведок на многу среќни авантури кои остануваат врежани во нашите мемории.

Jeeva Beloam, плажа во Индонезија Jeeva Beloam, плажа во Индонезија

И ова лето секој ќе замине некаде на одмор. Секако дека повеќето граѓани нема да можат да си дозволат да ги посетат луксузните плажи и гламурозните комплекси на хотели ширум светот, но понекогаш пак не е важно каде ќе бидеш, туку со кого. Сепак денес одлучивме малку да ве разнежниме и да ви претставиме дел од најубавите плажи ширум светот. Волшепство создадено од природата и естетски дизајн од човекот. Уживајте во фотографиите и откријте ни која е вашата омилена дестинација.

Ланикаи плажата во Хаваи Ланикаи плажата во Хаваи

Нгарунуи плажата во Нов Зеланд Нгарунуи плажата во Нов Зеланд

Ники плажата во Шпанија Ники плажата во Шпанија

Заливот Росили во Велс Заливот Росили во Велс

Тиркизниот залив во Австралија Тиркизниот залив во Австралија

Велвис заливот во Намибија Велвис заливот во Намибија

 

 

 

 

 

Објавено:
27 јуни 2014
Категорија: 
Култура