Црниот лебед на југословенската музика

14 години од смртта на Маргита Маги Стефановиќ

19 септември 2016

Како апсолутен слухист прогласена е за најталентиран ученик во средното музичко училиште заедно покрај Погорелиќ, понудено ѝ е школување на престижниот московски конзерваториум. Таа можност ја отфрла, дипломира архитектура на Белградскиот универзитет. Маргита или Маги својот врв во кариерата го достигнува во ЕКВ. Денеска би наполнила 56 години.

На 18 –ти септември во  2002 умира како бездомник во една од болниците во Белград, со изгубен вид, болна и напуштена од сите. Нејзините мисли се секогаш добредојдени за потсетување.

Неколку од нив :

„Сите ние имаме многу среќа што сме родени овде, а сите се жалиме што не сме родени на некое друго место каде можеби е подобро. Никаде не е подобро“.

„Во мојот нормален стабилен живот, најнестабилна сум само јас“.

„Јас сум чудна природа која никогаш  не се кае“.

„Научив во животот дека ништо не мора освен да се умре“.

„Мојот проблем со денешната состојба е тоа што не можам да се идентификувам со ништо ниту со било што“.

„Се плашам за бесмисленоста на нашата конечност“.

„Немам однос кон татковината, имам однос кон земјата. Кон нешто од кои сите ние потекнуваме“.

„Земјата не нѐ зачнала, па не оставила, таа не издржала ужасно многу“.

„Кога ние започнувавме, сакавме музика, а денешниве млади сакаат сендвичара“.

Објавено:
19 септември 2016
Категорија: 
Култура
Прочитано:
4.703 пати