50 години „Кум“ – интересни факти за филмот кој пред публиката го отвори светот на мафијата

24 март 2022

На 24 март 1972 година премиерно беше прикажан „Кум", култниот филм со кој започна ерата на блокбастери и кој пред публиката го отвори светот на мафијата.

Снимен со буџет од 2,5 милиони долари, филмот заработи 130 милиони долари и стана филм со најголема заработувачка во историјата, а неговиот тогаш млад и анонимен 29-годишен режисер Френсис Форд Копола, го вивна меѓу ѕвездите, заедно со актерската екипа на чело со Марлон Брандо како веќе докажан ветеран и Ал Пачино, Роберт Дувал, Дајан Китон, Џејмс Кан...

Во 1973 година освои три Оскари: беше прогласен за најдобар филм, Марлон Брандо беше прогласен за најдобар актер, а Френсис Копола и Марио Пузо ја поделија наградата за најдобро адаптирано сценарио

Потоа следуваа уште две продолженија во 1974 (второто продолжение освои дури 6 Оскари, меѓу кои и за Најдобар филм, Најдобар режисер, Најдобар актер во споредна улога... ) и во 1990 (третото продолжение исто така освои 6 Оскари, вклучително и за најдобар филм). Сумирано, трилогијата помина одлично, а денеска важи за филмска класика.

По повод 50 години од премиерата на првиот дел на „Кум", издвоивме неколку интересни факти за филмот кои можеби не сте ги знаеле.

Марлон Брандо одбил да го прими „Oскарот"

Славниот глумец не сакал да ја прими златната статуетка, па на церемонијата ја пратил неговата сопруга Сашин Литлфедер, која го прочитала неговото писмо, во кое укажува на тоа дека филмската индустрија лошо ги прикажува американските Индијанци.

Како е создадена препознатливата вилица на Вито Корлеоне

Марлон Брандо за да ја ја оствари замислата за автентичната вилица на Вито Корлеоне, не ставал памук во устата како што мислеле многумина, туку замолил стоматолог да создаде специјално апаратче кое ќе помогне да се постигне саканиот изглед.

Сцената со глава од коњ...

Една од најексплицитните сцени во филмот, каде во кревет е подметната исечена глава од коњ, е вистинска. Иако на пробите режисерот Копола користел симулација, сепак се решил на официјалното снимање да подметне вистинска глава од коњ и сцената да ја направи уште поспецифична.

Софија Копола...

Ќерката на режисерот Френсис Копола, Софија Копола, се појавува во сите три продолженија од филмот. Во првиот дел таа била бебе.

Популарната мачка на Дон Корлеоне

Мачката која Дон Корлеоне ја гали во својот скут, во една од првите сцени во филмот, всушност Марлон Брандо случајно ја забележал на сетот и ја вклучил во сцената, иако претходно тоа не било планирано.

Објавено:
24 март 2022
Категорија: 
Култура
Прочитано:
587 пати
Тагови: 
кум филм