Агенција „Марили“ ги врачи признанијата на најуспешите жени менаџери за 2019

1 октомври 2020

Вчеравечер во хотел „Александар палас" агенција „Марили" го одржа бизнис настанот „Жена менаџер" на кој им беа доделени признанија на топ 10 најуспешни жени менаџери за 2019 година. Признанија добија:

1-Мерита Рамадани Алими, директор за бизнис и развој во DOGAN Air Conditioning Solutions - Скопје
2- Маја Бабиќ, извршен и оперативен менаџер во „Баги Комуникации" - Скопје
3 - Татјана Дејаноска, директор на продажба во „Циклама инжинеринг" – Гостивар
4 - Д-р Даниела Димитрова, сопственик на Центар за дентална и естетска медицина „Перла" - Скопје
5 - Наталија Дренковска, менаџер за административни работи и набавки во ТАВ Македонија
6 - Олга Јосевска, оперативен менаџер во „Comodita Home" – Македонија
7 - Даниела Китанова, менаџер во Електродистрибуција ДООЕЛ Скопје , EVN Group
8 – Магдица Костадинова, извршен менаџер на „Еуро Консалт Плус" – Скопје и „ЕКП Травел"– Скопје
9 – Марија Кукуновска, генерален менаџер на „БИСПАГ Противпожарна Техника" - Скопје
10 - Жанета Џафер, генерален менаџер на „Жанета Естетик" – студио за убавина

Истовремено беше доделено и специјално признание на директорката на Универзитетската клиника за инфективни болести и фебрилни состојби д-р Милена Стевановиќ за успешно менаџирање во услови на вонредна состојба наметната од пандемијата со Ковид-19.

Настанот се одржа со строго почитување на пропишаните протоколи за заштита од Ковид-19 во свечена атмосфера за што свој придонес дадоа извонредните поетски текстови на водителката Ели Танасковска и музичките ноти од харфата на нашата прва харфистка Мерсиха Шукри.

Беше одбележан и петгодишниот јубилј на МАРИЛИ БИЗНИС КЛУБ кој ги обединува сите жени менаџери кои биле дел од изборите на агенција „Марли" во изминатите 24 години, или вкупно 240 жени менаџери и почесни членови кои дале особен придонес кон поддршка на овој проект.

Објавено:
1 октомври 2020
Категорија: 
Култура
Прочитано:
1.249 пати