Америка го доби новото чоколадно задоволство зачинето со многу стил

11 јули 2014

Кога двете животни задоволства - модата и чоколадото ќе се спојат, тогаш ефектот не може, а да не биде магичен. Специјалната соработка и креативните сетила на генијалниот шеф Андру Кармелини, дизајнерот Кристијан Сириано и белгиската компанија за чоколадо Магнум резултираше со создавање на America’s Most Fashionable Chocolate Dessert.”

„Јас никогаш не сум направил нешто слично. Причината поради која ова партнерство е мошне интригантно е што не често се случува готвачи како мене да ги вкрстат патеките со светот на модата. Се инспириравме од нешто визуелно и реално кое го претворивме во нешто кое може да се јаде“, изјави пред почетокот на дегустацијата шефот Кармелини.

Кармелини и Сириано ја комбинираат љубовта кон храната и чувството за мода, со цел да создадат вистински модерен и сладок сладолед. Сирирано ги „вгради“ неговите омилени трендови во создавањето на една креација украсувајќи го сладоледот со многу стил преку употребата на колор-блок миксот и тантелните везови како дезен. Кармелини пак, го збогати вкусот со додавање на шарени овошни плодови, бело чоколадо и кокос. Крајниот продукт е вкусен, модерен, сладок и оригинален десерт.

Магнум, пак белгиската компанија за производство на чоколадни десерти откако го прошири својот пазар во САД има направено неколку претходни соработки со светски познати дизајнери. Првата беше во 2011 година со модниот крал Карл Лагерфелд, потоа следуваше Рејчел Билсон, па Зак Посен.

„Кога одговорните од Магнум ме контактираа, јас веднаш одговорив потврдно. Бев навистина заинтригиран. Бев присутен кога Лагерфелд го презентираше својот моден сладолед и тоа беше настан кој ја одбележи годината. Некако се надевам дека и ова наше модно и вкусно ремек дело ќе ја достигне истата популарност“, вели Сириано.

Објавено:
11 јули 2014
Категорија: 
Култура