Хенри Холанд креираше фустан во чест на сладоледите Магнум
•
27 март 2014
Хенди Холанд следејќи го примерот на Карл Лагерфелд и Зак Посен реши да креира специјален фустан, наменет за прославата на Магнум, кој ќе биде инспириран од 60-тите години.
„Магнум до сега оствари фантастични соработки и токму затоа идејата ми звучеше примамливо и интересно. Никогаш претходно ја немав користено беж нијансата, но овој стил моментално се вклопува во мојата естетика. Најважно е дека целиот процес на создавање помина многу интересно“ – изјавил Хенри.
Тргнувајќи од основната тематика - сладоледот, дизајнерот скоро два месеци работел во создавањето на својата креација, која е проценета на пет илјади британски фунти.