Анатомските истражувања на Ферагамо поставени на изложба во Фиренца
•
19 јуни 2014
Музејот на италијанската модна етикета Салваторе Ферагамо во Фиренца, овој месец ги отвори вратите со изложбата насловена „Рамнотежа“ која тематизира на истражувачките корени и посветеноста на Ферагамо за човечката нога. Изложбата е поставена во девет простории и на посетителите им нуди увид во тоа како дизајнерот ја насочува неговата страст кон обувките и нејзината поврзаност со архитектурата, археологијата, танцот, фотографијата и филмот.
Изложбата всушност опишува како различните сегменти од уметноста му помогнале на Ферагамо во обликувањето на совршените обувки. Изложбата „Рамнотежа“ е отворена од денеска па се до 15-ти април 2015 година.