Лондон е домаќин на најголемата изложба на историски венчаници

2 мај 2014

Венчаници од 19-ти век Венчаници од 19-ти век

Од утре 3-ти мај па се до 15-ти март 2015 година ќе биде отворена најголемата изложба на венчаници која ја тематизира еволуцијата на венчаницата од 1775 до 2014 година. Локацијата каде е изложена огромната поставка е музејот „Викторија и Алберт“  во Лондон, каде стојат креациите на големи дизајнерски имиња како Чарлс Фредерик, Норман Хартнел, Чарлс Џејмс, Џон Галијано, Кристијан Лакроа, Вивиен  Вествуд, Вера Ванг и многу други.

 

Венчаницата на Кејт Мос од Џон Галијано Венчаницата на Кејт Мос од Џон Галијано

 

Изложбата која ја третира еволуцијата на венчалниот фустан во текот на последните два века, нуди модна панорама на најромантичните, гламурозни и екстравагантни свадбени фустани што ги носеа и славните дами како Дита вон Тис за нејзината венчавка со Мерлин Менсон, венчаницата од  Диор  на Гвен Стефани и други. Изложбата исто така вклучува и легенди до поставката на фустаните кои всушност откриваат детали за животот на оние што ги носеле како и интимен увид на нивните модни избори. Инаку, куратор на изложбата е Едвина Ехрман која вели дека секоја изложена венчаница го отсликува периодот кога била носена.

Фустани од Ланвин и Алис Темперли Фустани од Ланвин и Алис Темперли

-Посетителите на изложбата сигурно ќе забележат како се менувале трендовите за венчаници во текот на годините. Па така на пример оние од дваесеттите имаат нагласена половина, гламурот преовладува кај оние од триесеттите, додека останатите се повеќе неконвенционални и многу иновативни, завршува Едвина.

 

 

Објавено:
2 мај 2014
Категорија: 
Бела соба