Ретроспективна изложба по повод два века од модерната венчаница

10 декември 2013

Од 3-ти мај 2014 година, до 15-ти март 2015 година во „Викторија и Алберт “ музејот во Лондон ќе биде отворена една од најголемите и најзначајни изложби на венчаници од последните два века. Ќе бидат изложени повеќе од 80 венчаници во периодот  од 1775-2014, кои всушност имаат за цел да направат една ретроспективна визуелизација на модерната венчаница, која како фустан се менувала низ годините според инспирацијата на повеќе дизајнери од различни краеви од светот.

Романтични, театарски, се до значајни венчаници од шоу бизнисот како онаа на пејачката Гвен Стефани што ја изработи славниот Галијано.

 

Освен венчаниците, во изложбата ќе биде вклучен и накит, чевли, велови, шапки како и скици и фотографии. Изложбата на два ката од музејот ги вклучува најраните примероци на венчаници и додатоци, носени од невести од разлини вери и делови од целиот свет,  дизајнирани од  врвни дизајнерски имиња како: Вивијан Вествуд, Кристијан Лакроа, Ланвин, Брус Олдфилд, Темперли Лондон и многу други.

Објавено:
10 декември 2013
Категорија: 
Актуел