70-те повторно се актуелни во уредувањето на ентериерот

26 март 2022

Никогаш доволно инспирација од 70-те. Една од најеклектичните декади во естетски смисол. Интересна и за модната индустрија и за ентериерното уредување.

Оваа сезона, шмекот на 70-те се враќа како тренд во уредувањето на ентериерот.

Тоа подразбира забавен дизајн што вклучува земјени тонови, природни материјали, богата колорна карта како и мек и удобен мебел.

„1970-те дефинитивно се тренд во дизајнот. Декорот во тоа време бил забавен и секси, а покрај тоа и софистициран – мислам дека тоа сосема одговара на барањата на модерната публика", вели за Вог архитектот за уредување на ентериери, Џампјеро Таглиафери.

Ретро вибрации спакувани во современ концепт изгледа вака...

Објавено:
26 март 2022
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
563 пати