Иако минимализмот преовладува како естетика во модерното уредување на домот, тоа не ги исклучува топлината и „чувството на дома", што треба да се постигнат како ефект.
А хармоничниот и пријатен амбиент се постигнуваат и преку имплементирање на земјените, кафени нијанси во уредувањето, што се најави и како една од водечките тенденции за оваа година.
Кафени тонови, почнувајќи од светли па се до темни и загасити нијанси, ќе бидат присутни во секој сегмент во ентериерното уредување: од изборот на боја за подот и ѕидовите, преку мебел, па се до ефективните декоративни елементи.
Оваа колорна карта хармонично е синхонизирана и со уште еден тренд во уредувањето, а се однесува на изобилството на природно цвеќе и растенија во домот, па во комбинација се постигнува совршен баланс и пријатно чувство на релаксација.
Во случај кога во ентериерот преовладуваат монохроматски сиви нијанси или просторот е доминантно стерилен и бел, мебелот во кафени тонови допринесува за естетска рамнотежа, а притоа дава и стилски акцент на просторот.
На фотографиите во продолжение, ви посочуваме неколку различни варијанти како кафените нијанси се искористени во современото ентериерно уредување.
Фото: Пинтерест