Лулашка за опуштен амбиент во домот

20 април 2019

Пријатниот и топол амбиент во домот, дава дополнителна содржина на и онака неговото незаменливо значење.

Во домот секогаш треба да нè пречека мир, хармонија и смирен тон со што ќе го компензираме стресот на современото секојдневие.

Секако, во однос на овие карактеристики секој има своја лична дефиниција – некој ужива во неутрални нијанси и едноставност, а некој во креативен хаос декориран со многу бои, уметнички дела и декоративни предмети.

Еден актуелен тренд во модерното ентериерно уредување, а кој повторно е во насока на комфорен амбиент, е комбинирањето на лулашка во дневната или спалната соба.

Како ваше катче каде со кафе ќе читате книга или едноставно ќе ги одморите мислите во удобноста на хармоничното окружување, лулашката може да даде дополнителен акцент на пријатната атмосфера во вашиот секојдневен простор.

Вообичаено ваквиот тип на лулашки се резервирани за поголема тераса или за во двор, но мора да признаете дека навистина симпатчно изгледаат соодветно сместени и во ентериерот.

Објавено:
20 април 2019
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
936 пати