Висечки столчиња и лулашки – шик и практичен декор за тераса

22 февруари 2017

Иако сѐ уште не сме ја започнале сезоната „на тераса", токму сега е време да го осмислиме новиот декор за омиленото пролетно катче каде ќе поминуваме најголем дел од слободното време во пролет и лето.

Покрај задолжителните цветни аранжмани кои ни го прават уште попријатно уживањето на балкон, постојат навистина интересни идеи за тоа како дополнително да го уредите и да го освежите овој простор од домот.

Еден од оние шик детали што се особено актуелни во модерното уредување се висечките столчиња и лулашки, што може да се имплементираат и во ентериерното и во екстериерното уредување.

Во конкретниов пример ви посочуваме инспиративни идеи како да ги вклопите висечките столчиња и лулашки во уредувањето на вашиот балкон.

При тоа може дополнително да ги декорирате на безброј начини: со украсни перничиња, топли и меки ќебиња или цвеќиња.

 

Објавено:
22 февруари 2017
Категорија: 
Направи сам
Прочитано:
2.877 пати