Супер идеи како да декорирате мали балкони

29 јули 2016

Идеално би било доколку во вашиот дом располагате со голем двор или балкон бидејќи тогаш можностите за нивното уредување се неограничени. Но, вистинска умешност е потребна доколку сакате да уредите мал балкон и да го направите пријатно катче за уживање во слободниот дел од денот.

Со оглед на тоа дека се работи за мал простор, за оптимално да се искористи треба да се следат истите оние правила што важат при уредувањето на малите ентериери.

Доколку сакате да оставите простор за седење, тогаш совршено решение се аголните софи. Така максимално ќе го искористите просторот и при тоа може да добиете повеќе простор за саксиите со цвеќиња и за едно мало масиче за кафе.

Друга интересна, и навистина модерна опција се „висечките" столчиња или фотелји кои истовремено и заштедуваат простор и се совршено удобни.

Светлечки декоративни елементи, пернички со интересни дезени, саксии во различни бои се секогаш добредојдени за пријатен амбиент на вашиот мал, а сепак убав балкон.

Дополнителна доза инспирација во продолжение.

Објавено:
29 јули 2016
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
8.942 пати