Детски креветчиња налик на колиба – хит во уредувањето на модерните детски соби

3 септември 2020

Ако ги следите трендовите во уредувањето, особено оние на кои се става акцент низ содржините на Инстаграм и Пинтерест, сигурно сте забележале дека во уредувањето на модерните детски соби хит се детските кревети во форма на мала колиба.

Започнаа како тренд во скандинавскиот стил на уредување, кој подразбира минимализам, прагматичност и чисти форми, а трендот нашироко се прифати и сега е еден од најпопуларните.

Ваквиот дизајн на креветчињата што асоцира на мала колиба или куќичка, ја поттикнува фантазијата на децата, им создава чувство на нивен личен, интимен простор идеален за игра, разгледување сликовници или читање книга пред спиење.

Изборот на дизајн на вакви креветчиња е неограничен затоа што може да се пресонализира според желбите на детето, па може да играте со боите, елементите, осветлувањето, деталите, ткаенините што ќе бидат искористени во креирањето на нивниот концепт. Може да додадете мали прозорчиња, скали, странична ограда, па дури да импровизирате и мал балкон со градина и саксии со цвеќиња... Можностите и идеите се неограничени, а како дополнтелна инспирација ви посочуваме неколку фантастични примери на кои наидовме на социјалните мрежи.

Фото: Пинтерест

 

Објавено:
3 септември 2020
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
1.198 пати