Пред години на нашиве простори, поголемиот дел од домаќинствата наликуваа едни на други во однос на уредувањето на домот. Пазарот не нудеше огромен избор на мебел и декоративни елементи, па тоа ги ограничуваше можностите за неговото ентериерно стилизирање.
Имавме слични кујни, дневни и спални, па дури и деталите не правеа огромна разлика. И меѓу сите тие декоративни елементи, еден од базичните и најзастапените беше килимот со ориентален дезен.
Во различни димензии и мотиви, овој килим естетски ја збогатуваше атмосферата во домот.
Низ годините, понудата на пазарот драстично се промени исто како и стиловите на ентериерно уредување, добивајќи различни правци, нијанси и огромни можности за бирање.
Па иако последниве неколку години, генералните впечатоци се дека во модерниот ентериер доминира минимализмот и сведениот дизајн, секогаш е оставен простор за експериментирање, авторски печат или пак истакнување на автентичниот дух на просторот преку уникатни детали.
И токму тука доаѓа на ред приказната за килимот со ориентален дезен.
Одлично се вкопува во идејата за модернистички уреден дом. Но, и подалеку... Ова автентично парче го збогатува амбиентот и се прилагодува на ентериерот, независно во каков стил е уреден. Подеднакво го оживува просторот и му дава дополнителна естетска вредност и креативна сила, и кога домот е уреден во традиционален стил и кога доминира скандинавската естетика.
Ако сѐ уште поседувате ваков килим, дозволете ни да ве мотивираме како да го имплеметирате во вашиот дом.