Акцентирајте го ентериерот со жолти детали

26 декември 2018

Најчесто за уредување на домашниот ентериер бираме неутрални нијанси, па доколку сакаме нешто да потенцираме во просторот, тогаш интензивната жолта боја е совршен избор.

Со оваа боја ќе го освежиме просторот, па дури и во минимална количина може да има голем ефект.
Жолтите тонови се поврзани со позитивната енергија и оптимизмот, па се одличен начин да му дадете сјај на просторот во кој недостасува светлина и кој има потреба од динамика.

За инспирација, може да размислите на сет перници во жолти нијанси или пак да ја претапацирате вашата омилена фотелја во жолта боја. Украсите, постелнината или пак завесите во жолта боја исто така може да бидат одлична солуција со која ќе му дадете посебен акцент на вашиот ентериер.

Фото: Пинтерест

Објавено:
26 декември 2018
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
947 пати