20 предлози: Сончевите нијанси ќе ја разиграт уличната мода оваа пролет

22 февруари 2022

Жолти нијанси на пролетното сонце ќе ја обојат уличната мода претстојната сезона.

Златните тонови се придружуваат на најактуелните модни тенденции за пролет 2022.

Жолта во комбинација со други интензивни бои или пак како акцент на комбинации во неутрални нијанси, ќе биде доминатна во пролетните трендови.

Со вибрантната живост на жолтата боја, пролетната мода со сигурност нема да ни биде досадна. Нашиот пролетен изглед ќе го освежиме со жолти принтови, кошули, одела и фустани во жолто, а нијанси на оваа боја ќе проовладуваат и при изборот на чанти, сандали, аксесоари за коса...

Од интензивни нијанси на лимон до загасити тонови на сенф жолта, по едно впечатливо парче во овие нијанси ќе биде доволно за привлечен изглед оваа пролет.

Во продолжение издвојуваме 20 предлози како да ја имплементирате жолтата боја во вашиот пролетен стил и подготвени да ја дочекате новата сезона.

Фото: Пинтерест

Објавено:
22 февруари 2022
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
7.047 пати