Мото јакни во сите бои

7 април 2017

Оваа пролет носиме мото јакни во сите бои. Ако за некаков стандард порано важеа оние во црна или кафена боја, веќе неколку сезони дефинитивно се преминуваат границите на стандардното и колоритот во кој се обоени омилените јакни, е навистина богат.

Пролетва особено омилени се розовите нијанси и тоа од оние меки, пудрести тонови до изразити, интензивни јаки нијанси како што е цикламата.

Но, покрај мото јакните во розова, не помалку актуелни се и оние во ментол нијансите, зелена сина, интензивно жолта, црвена...

Подеднакво се застапени и во уличната мода, како и во оние комбинации наменети за некоја посебна пригода или во секојдневниот стил.

Објавено:
7 април 2017
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.643 пати