Пролет 2022: Портокаловата е новата црна

9 февруари 2022

Пред нас е колоритна пролет. Како годишното време носи една убава палета од бои и мириси, така и уличната мода ќе вибрира во интензивни нијанси.

Ако ги земеме предвид пролетните колекции што ни ги понудија светските дизајнерски куќи, портокаловата боја ќе биде меѓу водечките во модна смисла.

Диор во својата пролетна колекција ја фаворизира токму портокаловата боја, имплементирана во женствени комбинации со фустани и здолништа, исто како и Max Mara и Ермес, кај кои различни нијанси на портокалово носат една топла и пријатна модна слика за претстојната пролет.

Нијансирани портокалови тонови ќе донесат живост во уличната мода и преку модните додатоци: очила за сонце, чанти, сандали, патики, свилени марами кои ќе го надоградат пролетниот имиџ.

Направете место за портокалово во вашиот пролетен плакар.

Фото: Пинтерест

Објавено:
9 февруари 2022
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
2.338 пати