Ова се најпопуларните бои на кармини за пролет 2014

18 март 2014

кармини

Паралелно со пролетните трендови за облека, модни додатоци и фризури, се откриваат и оние за шминка. Овој пат акцентот го ставаме на боите на кармини, со кои подготвени ќе ја дочекате пролетта.

Така, во оваа претстојна сезона испробајте ги нијансите на темноцрвената, портокаловата, боја на фуксија, темновиолетова, но и корални тонови. Усогласете ги тоновите на кармините со својот стил и прилагодете ги на вашиот тен и сензибилитет.

1. Нијанси на темноцрвена

crvena

Оваа пролет одберете нијанса на црвена која нема да биде ниту премногу светла, ниту пак премногу темна, туку нијанса која ќе потсетува на зрел домат. Ако досега не сте се осмелиле да носите кармин во оваа боја, пролеттва направете го тоа, бидејќи црвениот кармин и дава посебен „шмек“ на секоја комбинација.

2.Нијанси на портокалова

portokalova

Ако имате светол тен, оваа нијанса на вистински начин ќе го истакне вашето лице, а усните ќе дојдат во преден план. Уште една предност на портокаловите тонови е што можат да и прилегаат речиси на секоја жена, без оглед дали се работи за мат или светкава варијанта.

3. Тренди фуксија

Fuskija

Оваа боја е во топ три трендовите за оваа пролет. Фуксија е боја која носи комбинација на розови и волетови тонови, и е одличен избор за девојките што сакаат да бидат забележани. Како и со сите нијанси на кармини, оваа боја доаѓа во безброј различни нијанси, што е уште една поволност повеќе, за да можете сами да бирате и да го прилагодите она што најмногу ви одговара.

4. Violet нијанси

Violet

Иако виолетовата има и може да се презентира во мноштво нијанси, сега е време за малку потемни варијанти. Бидете храбри и ставете кармин во овие нијанси, затоа што ќе придонесат да изгледате самоуверено и привлечно. Кога користите кармин во ваква нијанса, остатокот од шминката нека биде дискретен.

5. Coral Cool нијанси

coral cool lipstick

Одлични бои што им прилегаат на сите девојки. Нијансите можат да се движат од светли до темни, а кога ја бирате вистинската внимавајте. Изборот нека се движи на овие кои содржат повеќе црвени нијанси отколку портокалови, затоа што изгледаат посвежо, женствено, класично и едноставно убаво. Нијансите на портокалово може да ве направат бледи, а впрочем доколку сакате портокалово, тогаш ќе ставите портокалов кармин.

6.Природна боја на усните

prirodna 1

Природното е секогаш во мода! Ако сакате минимализам и ги избегнувате интензивните бои на кармини, тогаш пробајте го ова. На усните нанасете нијанси и бои кои се блиски до бојата на вашите усни. Карминот ќе се види, усните ќе се истакнат, а нема да бидете впечатливи. Тајната е само во вистинската нијанса.

Објавено:
18 март 2014
Категорија: 
Убавина