Бојата на облеката може да го подобри вашиот изглед или пак да направи да изгледате полошо. Добро одбраните бои можат да ја „оживеат“ вашата кожа, коса и севкупниот изглед.
Знаевте ли дека боите што ги носите имаат изразено позитивен или негативен ефект врз вашиот изглед? Клучот до подобриот изглед се наоѓа во одбирањето бои кои ќе му прилегаат на вашиот тен, односно типот на кожата. Кога внимателно и умно ќе ги изберете боите, вашата кожа ќе добие посебен сјај и на најдобар начин ќе ја истакне вашата природна убавина.
Бирањето облека во погрешна боја може да резултира со следните последици:
- кожата може да ви изгледа уморно и исцрпено
- може да ви ги нагласи подочниците
- забите може да делуваат благо жолтеникави
Бирањето на вистинската боја може да допринесе:
- кожата да ви изгледа здраво
- очите да изгледаат посјајни и нагласени
- косата да има посебен сјај
Одредување на типот на кожата
Првиот чекор во бирањето на вистинските бои се состои во препознавањето на типот на вашата кожа. За почеток одредете дали се работи за топли или студени тонови. Постојат неколку начини како да го откриете тоа, а ние ви откриваме неколку.
- тест со накит
Симнете го сиот накиот од вас и лакот од ноктите. На едната рака ставете сребрен прстен, или прстен во сребрена боја и сребрена алка или часовник. На другата ставете златен прстен, алка или часовник. На природно, дневно светло, кренете ја првин едната рака и погледнете како накитот изгледа на вашата кожа. На кожата со студени тонови сребрениот или накитот од бело злато ќе изгледаат многу поубаво од зларните. И обратно, на топлите бои повеќе ќе им одговара златниот накит.
2. Тест со хартија
Тргнете го накитот и лакот од нокти. Земете бел лист и на дневно светло ставете ја раката врз листот. Раката свртете ја да видите внатрешната страна на дланката и подлактиците. Погледнете дали вашата кожа повеќе „влече“ кон розово или сино (студени тонови) или жолто или портокалово (топли тонови).
Кое годишно време сте?
Сега кога знаете дали сте студен или топол тип на кожа, полесно ќе утврдите во кое годишно време припаѓате, а во тоа пак ќе ви помогне бојата на косата и очите. Четирите годишни времиња се поделени токму по студените и топлите тонови. Студените тонови се зима и лето, а топлите се есен и пролет.
Зима
Вие сте зима, ако внатрешноста на подлактицата има сини или розови подтонови. КОжата може да ви биде мошне бледа, порцеланска, жолто-маслинеста или темна, но со студен подтон. Има многу констрасти помеѓу бојата на косата и очите споредено со кожата. Овој тип се најчесто бринети со темни очи и светла кожа. На овој тип им одговараат:
- богати и интензивни нијанси
- раскошни бои како црната, морнарско сина, темно црвена, смарагдно зелена, кралевско виолетова и жешката розова боја
- силните боли нијанси или пастелни бои, како што се сина или виолетова.
Од друга страна најмалку им одговараат:
- земјени тонови и дискретни тонови како беж, портокалова и златна
- светли до средно темни смеѓи нијанси
Лето
Вие сте летен тип ако внатрешноста на подлактицата има сини или розови подтонови со многу бледа кожа која лесно се зацрвенува. Најчесто ова се природно светли русокоси и бринети со светол тен и светла боја на очи.
Најдобро ви одговарат овие бои:
- благи неутрални бои и пастелни нијанси
- темно розова, нежно сина, бледо-жолта, боја на лаванда
- сино-сива, зелена, боја на слезот
Најмалку ви одговараат овие бои:
- интензивни, силни бои
- земјени тонови
- црна и портокалова
Есен
Вие сте есенски тип доколку внатрешноста на подлактицата има златни подтонови како што се светла праска, златно-беж или темнозлатна. Во оваа група се најчесто црвенокоси и бринети ( со златни подтонови) со смеѓи очи, светла коса или црнокоси дами. Најчесто се работи за жени со темна боја на очи.
Најдобро ви одговараат:
- богати златни и земјени бои
- беж, маслинесто зелена, портокалова, темно смеѓа и златна
- костенлива темно црвена, жолта боја на сенф, боја на тиква, карамел нијанси и сива
Но, најмалку ви одговараат:
- силни, интензивни бои
- црна и бела
- пастелни бои
- сина во повеќето нијанси
Пролет
Вие сте пролетен тип доколку внатрешноста на подлактицата има нежно златни подтонови, најчесто кремасто светла кожа, боја на праска, нијанса на бојата на слоновата коса, мошне светла кожа, но со топол подтон. Тука најчесто спаѓаат русокоси, русокоси со црвен пигмент и жени со портокалово-смеѓа боја на коса. По правило, имаат светли очи, сини или зелени и пеги по лицето.
Најмногу ви одговараат:
- бледи, топли бои на праска, златно-жолта, смеѓа и карамел нијанси
- интензивни нијанси на зелена, тиркизна, црвената, боја на 'рѓа, виолетово-сина, корална
Најмалку ви одговараат:
- црна и бела
- темни, пригушени тонови
Бои што им одговараат на сите
Постојат нијанси што убаво им прилегаат на сите, без разлика на кој тип припаѓате. Тие се накде во средината на спектарот, ниту премногу топли, ниту премногу студени. А тоа се:
- боја на модар патлиџан
- вистинската црвена боја
- сино-зелена
- нежно розова