Металик нијанси

Без разлика дали ќе одберете сива или златна металик нијанса од комбинацијата, тие одлично ќе се совпаднат  со  вашата боја на коса. Оваа нијанса е особено актуелна периодов, поради претстојните новогодишни и божиќни празници.

Бела

Иако за оваа боја се смета дека одлично стои буквално и на бринети и на русокоси, сепак  русокосите се во предност поради нежната бела кожа, која придонесува тие да изгледаат нежно и романтично.

Пастелни беж нијанси

Голем број русокоси грешат кога мислат дека неутралните нијанси придонесуваат тие да изгледаат бледо. Напротив, токму неутралноста на беж нијансите најмногу доаѓаат до израз кај овој тип девојки и жени.

Пастелна розова нијанса

Романтичарките дефинитивно ја обожуваат розовата нијанса, а по некое непишано правило, токму оваа нијанса најлесно се поврзува со русокосите. За овој период, предлагаме да се определите токму за пастелна нијанса од розовата боја, во однос на вашиот стајлинг.

Жолта боја

Можеби мислите дека жолтите  нијанси треба да ги избегнувате за да не се спојат со нијансата на коса, но сепак токму оваа боја која е потешка за комбинирање, поради својата специфичност е одлична за русокосите девојки, а ова се однесува на светлите и темни нијанси.

Преземено од Who What Wear
Објавено:
27 ноември 2014
Категорија: 
Направи сам