Пролетен тренд на кармини во портокалова нијанса

10 април 2014

Портокаловата нијанса е главна боја оваа пролет. На модните ревии низ светските метрополи главно беше застапен природниот изглед, а тоа што беше воочливо е замената на култниот црвен руж, со портокаловата нијанса.

Предноста на овој кармин е што нуди потемни и светли нијанси кои одлично се вклопуваат за бринети и русокоси, за оние со потемен, но и светол тен. Доколку се одлучите за  оваа нијанса на кармин, прво експериментирајте со сјај за уста, а кога ќе ја пронајдете идеалната нијанса, внимавајте со остатокот од шминката. Ние ве советуваме нагласување на очите само со римел, а акцентот да го оставите на устата бидејќи самата нијанса визулено ќе допринесе за впечатлив изглед.

Во продолжение, погледнете ја листата на топ 10 кармини во портокалова нијанса:

1.  Dior Addict Lip Glow

2. Rouge Coco Shine, Chanel

3. Ultimate Colour, Catrice

4. Dior Addict Fluid Stick

5. Lancome Rouge 

6. Giorgio Armani Rouge

7. Bobbi Brown Lip Colo

8. Maybelline, Electric Orange

9. Illamasqua, Flare

10. Revlon ColorBurst Lip Butter

Објавено:
10 април 2014
Категорија: 
Убавина