Апартманот на Џеки Кенеди на продажба
•
24 ноември 2016
Апартманот на семејството Бувие во кој има пораснато Џеки Кенеди кој се наоѓа на Парк Авенија е ставен на продажба со почетна цена од неверојатни 29,5 милиони долари, а се очекува да достигне цена и до 44 милиони долари.
Сопственик на апартманот што секако е современо редизајниран, е Дејвид Генек, а кога ги гледате фотографиите ви застанува здивот.
Адресата на која се наоѓа апартманот е една од најпрестижните локации на Менхетен, а дедото на Џеки, Џејмс Ли ја изградил зградата.
Апартманот е дуплекс и има 12 соби со задржан архитектонски стил од времето на изградбата на објектот.
Генек се потрудил на апартманот да му даде и музејска вредност па така дневната соба има две бањи како и гардеробер.