Се продава станот на Александар Меквин во Лондон

16 ноември 2016

Актуелните сопственици на пентхаусот во Лондон кој Александар Меквин го реновираше непосредно пред смртта, сега е ставен на продажба.

Цената изнесува 8.5 милиони фунти, односно 10.7 милиони долари.

Пентхаусот е во непосредна близина на Хајд Парк, а е декориран од „Пол Дејвиес Лондон“, како почит кон починатиот дизајнер, а по барање на актуелните сопственици на кои Меквин им го продаде.

Домот се простира на 1.790 метри квадратни, а просторот е уреден со портрети на Меквин и неговите прјиатели Исабела Блоу и Анабела Најлсон, фотографии од писта и модни фотографии, како и мотиви од черепи на ѕидните огледала.

-Актуелниот сопственик ја купи инвестицијата, но подоцна сакаше овој простор да биде исполнет со сè што ќе претставува почит кон Александар Меквин. Тој не сака да биде откриен – велат од ПР службата на „Пол Дејвиес“.

Покрај изобилството на светли тонови и сјај, во апартманот сепак е задржан и готскиот дух, по кој беше препознатлива естетиката на дизајнерот.

Инаку, пред самоубиството во 2010 година, кое го изврши во друг стан, Меквин го продаде пентхаусот за 2.53 милиони фунти (3.72 милиони долари).

Објавено:
16 ноември 2016
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
914 пати